18.07.2023
Вила со базен на езерото Мантово
Вила со базен на езерото Мантово
За првпат во базата на Кајак.мк додаваме сместување кое се наоѓа на езерото Мантово. На прекрасна надморска височина и со прекрасен поглед, ова викендица може да биде вашата нова викенд дестинација за време на летните горештини.

Домаќините кои ни ги отворија вратите велат дека сместувањето има капацитет за 10 лица, што значи дека ова е идеална опција за семејни патувања или помали друштва кои бараат приватност со капацитет до 70 лица без ноќевање.

Вилата има свој приватен базен, располага со Wi-Fi, а има и простран тревен двор. Идеална е и за организирање приватни настани, семејни седенки или пак тим-билдинг еднодневни активности.

Езерото Мантово се наоѓа на 450 метри надморска височина и е богато со риби, школки и ракчиња. Планинскиот предел е богат со дабова шума, што ви дава можност за планинско пешачење, велосипедизам и друго. Како јаготка на шлагот е фактот дека ова сместување дозоволува влез на домашни миленици.
Повеќе
информации, фотографии и контакт за резервација можете да најдете со еден клик
ОВДЕ.
Коментари
-
Kosta Nikolov
21.07.2024 13:19
Zdravo Mi treba vikendica za 1 nok 2 Vozrasni i dve Deca za koga imate slobodno i Koka vi e cenata.Pozdrav Kosta
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!