09.05.2024
Бунгалови во автокамп на Преспанско Езеро идеални за луѓе кои сакаат да се преселат во природа на одредено време
Бунгалови во автокамп на Преспанско Езеро идеални за луѓе кои сакаат да се преселат во природа на одредено време
Кога зборуваме за идеален одмор на подолго време далеку од градскиот метеж, многумина веднаш помислат на плажа и море, но сепак, срцето на Балканот, Преспанско Езеро, нуди алтернатива која може исто така да биде мирен и подеднакво заводлив избор за луѓето кои сакаат да се преселат во природа на одредено време.
| Бунгаловите можете да ги резервирате со еден клик ОВДЕ. |

Во склоп на преспанската убавина се наоѓа автокампот Крани кој ви овозможува уникатно сместување во бунгалови кои нудат комфор и интимност за секој посетител.

Бунгаловите, се наоѓаат на брегот на езерото и се опремени со сè што ви е потребно за пријатен престој. Секој бунгалов располага со две соби, опремени со по четири единечни кревети, идеални за семејства или групи пријатели. Покрај креветите, секоја единица нуди и кујна опремена со основни средства, што овозможува гостите самостојно да приготвуваат оброци, доколку тоа го посакуваат. Терасата и тоалетот дополнително ја зголемуваат функционалноста и удобноста.

Иако бунгаловите не располагаат со Wi-Fi, ова може да се
смета за предност, бидејќи овозможува посетителите целосно да се исклучат од
секојдневниот стрес и дигиталните вознемирувања.
За љубителите на
активниот туризам, локацијата на кампот ви нуди опции како шетање покрај брегот
на Преспанското Езеро, истражување на националните паркови Галичица и Пелистер,
возење велозипед и пливање.
Повеќе
информации, фотографии како и опција за он-лајн резервација ќе најдете со еден
клик ОВДЕ.
Коментари
-
Trpche Pavloski
16.05.2024 19:21
Bungalovite se mnogu ubavi za dobar odmor i rekreacija.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!