26.04.2023

Првомајски предлог локации за активен туризам кои не се доволно познати

Првомајски предлог локации за активен туризам кои не се доволно познати

1-ви Мај не е само скара на пикник локации низ Македонија, за нас ова е уште еден продолжен викенд кој ни овозможува да бидеме активни туристи во природата. Нашата цел е да ви дадеме до знаење дека што секој слободен ден во годината треба да ви биде искористен со физички активности во природа, бидејќи само на тој начин ќе го отстранете стресот и ќе го подобрите вашето здравје и расположение.

Денеска, во соработка со СКОПСКО ќе ви посочиме неколку предлог дестинации во Македонија, кои не се доволно познати, а кои може да бидат ваша дестинација за време на продолжениот викенд. Но пред да започнеме со предлозите, тимот на Кајак.мк и СКОПСКО ве советуваат да бидете совесни туристи и да не дозволите вашиот отпадок да остане на планина.


Дали сте слушнале за врвот Фојник? (Планинарење)

Марија Мандарова која е активна планинарка и голем љубител на планинскиот туризам пред само неколку дена ни испрати фотографии од прекрасниот поглед кој го нуди врвот Фојник. До самиот врв можете да пристигнете користејќи го вашето возило до селото Брест, а од самото селце можете да си организирате планинарска тура до врвот кој се наоѓа на Сува Гора и кој е со надморска височина од 1420 метри, а поради неговата местоположба од него се пружа прекрасен поглед на целото езеро Козјан и долината на Треска.


Дали сте слушнале ја истражиле Малесијата? (Велосипедизам)

Секогаш кога ќе се спомене велосипедизам нам тоа нѐ асоцира на Rupicapra MTB која е група ентузијасти вљубеници во велосипедизмот, кои на свој уникатен начин ја истражуваат западната страна на Македонија. Вистинска атракција за велосипедистите е возење по сите села во областа Малесија која се протега на западните падини на планината Караорман и е една од најживописните области. Преку оваа тура вие ќе ги посетите хидроцентралата Глобочица, селата Селци, Буринец па се до Локов кое е на 1350 метри надморска височина. Од Локов преку ‘Ржаново, до Зб’жди, Присвојани, Мислодежда па се до Струга.


Дали сте слушнале за селото Глобочица? (Кајакарење)

Нема ништо подобро од тоа да се качите во кајак и да живате веслајќи по реката Црн Дрим. Ваквото сафари Кајакарење можете да го организирате заедно со нашиот локален херој Коста Хиохи и Соларис, стружанецот кој е еден од главните виновници за прекрасната промоција на Црн Дрим.

Ваквите тури кои се организираат со кајаци по течението на реката ќе ве запознаат со недопрената природа на реката, Глобочичкото Езеро, а завршувате во прекрасниот двор на црквата Св. Илија, која е во новото село Глобочица кое е изградено веднаш по потопувањето на старото село кое се наоѓа на дното на езерото.


Дали сте слушнале за село Требиште? (Јавање коњи)

За љубителите на јавањето коњи овде е село Требиште. За оние кои за првпат се соочуваат со овој назив, треба да знаат дека село Требиште се наоѓа во областа на Долна Река, непосредно до Ростуше, од самата десна страна на реката Радика. Прекрасниот предел околу селото Требиште ви овозможува да ја доживеете Македонија на еден поразличен начин. Овде ќе имате можност да уживате во недопрената природа на Дешат и во самото село кое е на 940 метри надморска височина. Турите со коњи кои се организираат во околината на селото се идеални за помали друштва желни за авантури и истражување на нови предели. Без разлика дали сте љубители на јавањето коњи, наш совет е да го посетите селото и истражите неговите природни убавини.


Дали сте слушнале дека во Македонија се организра лов на тартуфи? (Пешачење)

Има една јавна тајна која вели дека „Македонија е богата со тартуфи“. Ваквата информација треба да ве поттикне да се вклучите во потрагата по вистинското природно богатство кое соодржи протеини, минерални соли и кој никогаш не предизвикува алергии. Турите најчесто се организираат во околината на Скопските планини, како Кучково, Водно, Скопска Црна Гора, Катланово, а постои и можост да се организираат во други предели низ Македонија доколку има заинтересирани групи. Нив ги организираат доста локални мештани од сите краеви на Македонија кои имаат дресирани кученца ловци на тартуфи кои се најбитните асистенти.


Тимот на Кајак.мк и „СКОПСКО“ ве советуваат да се грижите за животната средина. Без разлика за која дестинација и да се одлучите, ваше е да го соберете отпадокот и да го вратите назад во градските контејнери. Дивите депонии кои никнаа низ нашата држава се резултат на несовесноста на граѓаните.

„Токму затоа СКОПСКО започна со платформата #НашаГордостНашаОдговорност, која има за цел преку личен пример да ја подигне свеста кај граѓаните и со еколошки акции, кои ќе започнат од Охридското Езеро и ќе се прошират на други природни обележја, да ги инспирира да се чувааат и да ѝ вратат на природата за сето она што ни го дава.

Повеќе информации за платформата можете да најдете на www.skopsko.mk“

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?

Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?

Од долгогодишна идеја до ресторан во срцето на Берово: приказната за „Антико“

Во срцето на Берово, „Антико“ ве пречекува со домашни вкусови, пријатна атмосфера и топло гостопримство — место каде што убавите моменти се споделуваат околу трпезата.

Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!

Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!

Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија

Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија

Кајак.мк со ново сместување на планина Обозна- 1000мнв!

И тогаш кога ќе помислите дека сè сте виделе и посетиле во Македонија, Кајак.мк ве води на ново место и нова локација!

741 илјада туристи за седум месеци: Македонија може многу повеќе

Македонија има што да понуди, но туристичкиот потенцијал сè уште е поголем од бројките Во првите седум месеци од 2026 година Македонија регистрирала 741.446 туристички доаѓања. Растот е мал, а следниот чекор е подолг престој и повеќе причини за патување низ земјата.