25.02.2022
Престојувајте на фарма: Опколени со кози и градина со разни градинарски култури
Престојувајте на фарма: Опколени со кози и градина со разни градинарски култури
Природа, шума, неколку викенд куќи, патеки за прошетки, летниковец, градинарски култури, домашни животни -куче, мачки, кози... се само дел од причините кои треба да ве поттикнат да престојувате во „Хостел Твин“, ни набројува домаќинот Тихомир.

Вгнездено во ридовите на малото село Орешани, ова сместување ќе ве врати назад низ времето и преку примери ќе Ве запознае со начинот на кој живеат луѓето во руралните средини. Домаќинот Тихо кој ги отвори вратите на „Твин“ за Кајак вели дека овој објект бил фарма за печурки, денес е претворена во шармантна рустикална куќа за гости.

Околината е прекрасна за прошетка, особено во пролетните и летни денови кога се е зелено и расцветено. Сместувањето нуди прекрасен поглед од дрвениот балкон каде може да го пиете кафето подготвено од домаќинот или пак можете да уживате со чаша свеж и ладен козји јогурт.

Она што го прави уникатно ова сместување е фактот дека истото е „pet-friendly“. Самиот домаќин одгледува разни животни во околината. Чува и одгледува кози, со чие млеко подготвува вкусни здрави појадоци кои можете да си ги дозволите по симболична цена.

Градината која е пре самиот објект е идеална да ги прошетате вашите деца и да ги запознаете со градинарската култура, бидејќи можеби тоа ќе им биде причината да се одлучат да го напуштат градот и да се преселат на село.

Во непосредна близина на сместувањето има термална бања, а на 4 километри е археолошкиот локалитет „Таор“. Доколку сакате повеќе информации за сместувањето, фотографии и контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!