20.12.2021
Одбравме поразлично предновогодишно патување во регионот на Кожуф
Одбравме поразлично предновогодишно патување во регионот на Кожуф
Кога ќе одлучите да ги извадите вашите вработени или група пријатели од комфорната зона на класични предновогодишни прослави, ќе сфатите дека сте направиле среќни многу повеќе лица отколку што сте очекувале.

Тимот на Кајак.мк е иницијатор ваквите предновогодишни собиранки со вашите блиски пријатели или колеги да се реализираат преку уникатни патувања преку кои ќе им дадеме поддршка на локалните херои кои прават мали нешта од огромно значење за туризмот и на сите работници во туристичкиот сектор.

Доказ дека секоја
компанија може да си организира предновогодишно еднодневно патување некаде во Македонија
е компанијата „DB FLUKS“.
Позитивна група жени кои се дружеа со нашиот тим изминатиот викенд.
Ние им организиравме посета на локалитетот „Смрдлива Вода“ кое е сместено на планината Кожуф. Туристичката населба го добила името по изворската вода која непрекинето тече, а која има доста специфичен мирис и вкус, а за која се вели дека има лековити својства.

Нашето утринско
кафе го испивме со муабет во еден од локалните ресторани во населбата, а
фотографиите коишто ги гледате ги направивме нејзината околина.
Патувањето на југот од Македонија не би било комплетно доколку немаме дегустацијата на виното кое се произведува на ова поднебје.

Нашиот тим секогаш настојува ваквите дегустации да бидат во мали бутик винарии кои воспоставуваат пријателски однос со своите гости, а кои ни ја отвараат вратата со насмевка и куп информации за историјата на виното.

Ние ја посетивме винаријата
на нашата локална хероина Венера, која е сопственичка на Јостела. Венера ни
подготвни едно вистинско искуство, почнувајќи со информативен дел околу виното
и историјата на винаријата, а завршувајќи со гозба, музика и муабети.
Нема ништо подобро од тоа кога околу вас ги имате луѓето со кои сте работеле во текот на цела година и со кои ќе продолжите во текот на наредната.

„DB FLUKS“ е уште една компанија која од денеска е дел од семејството на еко- компании. Со нивното предновогодишно тим-билдинг патување ова компанија донираше 20 дрвца кои ќе бидат засадени за време на нашата пролетна акција за пошумување во Македонија.
Доколку сакате предновогодишна понуда за патување за вашата компанија, испратете ни барање со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.