10.06.2021
Апартмани во Црна Гора со романтичен поглед кон обалата
Апартмани во Црна Гора со романтичен поглед кон обалата
На платформата на Кајак.мк блесна уште една вила на црногорскиот брег која нуди извонреден поглед кон морето. Нашата нова домаќинка Олга ни раскажува дека Кумбор може да биде вистинскиот избор за летување за сите оние кои сакаат одмор со стил.

Изминатиот период, црногорското крајбрежје доста солидно се развива, а начинот на кој функционира туризмот добива нови размери. Според Олга, Црна Гора не може да биде никогаш здодевна дестинација, без разлика колку пати сте ја посетиле. Секогаш има каде да се појде и што да се прави.

Нејзината вила се наоѓа во населбата Кумбор на 129 метри од плажа, а се прекрасен поглед кон морската романса. Па нашиот тим ве запрашува дали може да замислете како уживате во утринското кафе на балконот и читате светски магазин, додека во позадина се слуша звукот од гитарата?

Кумбор е одлична дестинација како за млади парови, така и за фамилии со деца. Над самата куќа на Олга има борова шума, што ви дава до знаење дека овде морето и планината постојано се бакнуваат. Кумбор е на одлична дестинација што ви дава можност за користење на факултативни посети со бродче до ресортот Порто Монтенегро, плажата Жањице, рафтинг на Тара, посета на манастирот Острог и посета на Дубровник.

Од друга страна пак, со вашиот автомобил можете да го посетите нашиот омилен Котор кој е на само 20 километри, да го поминете целиот Бокакоторски залив или пак да појдете до Луштица Беј, Тиват, Пераст, Рисан или пак можеби Требиње во Босна и Херцеговина. Не ја исклучувајте можноста да го посетите Дубровник кој е на само 50 километри од сместувањето на Олга.

Куќата располага
со два апартмани и две трокреветни студиа и едно еднокреветно студио. Апартманите
и студијата се комплетно опремени со кујна и сопствени тоалети, располагаат со Wi-Fi
и клима.
Доколку сакате
повеќе информации за сместувањето, фотографии и контакт за резервација,
кликнете ОВДЕ.
Коментари
-
Julijana Stojanovska
13.07.2021 23:28
kolku cini smestaj za 2 osobi od 07.08.2021-13.08.2021 i dali se so kujna i sopstvena banja sobite
-
Jelena Stojanovska
13.06.2021 08:51
Коlku e od den vo period posle 1 avgust za dve lica so deca od 16 i 11 godini nie bevme 2019 godina i prezadovolni sme od Kumbor
-
Divna Joveska
12.06.2021 19:27
Ve molam kolku cini smestuvanje za 2vozrasni lica i dete 5godini,vo period od 18.07 do 28.07. Vi blagodaram Srdecen pozdrav Divna
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.
Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?
Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?