06.04.2020
Водич во карантин: 7 фасцинантни свадбени традиции ширум светот
Водич во карантин: 7 фасцинантни свадбени традиции ширум светот
Ако на некој му е
смешно дека не смее да ја види невестата во невестинскиот фустан пред денот на
свадбата, верувјате дека има уште поинтересни традиции од ова. Додека сте во карантин и додека владее полициски час, ние ви предлагаме да се
запознаете подобро со светот.
Во многу земји, свадбите се многу повеќе отколку убава храна, добро дотерени гости, торта и букет. Во некои земји има кршење на садови, како што е Германија, а некаде има и стрелање кон невестата, како што е Кина. Еве ги нашите седум фасцинантни свадбени традиции:
1. Бојадисување со црна фарба
Во Шкотска, ноќта пред венчавката, невестата и младиженецот се „киднапирани“ од
своите пријатели. Нив ги врзуваат, а потоа лицето им се фарба со црна боја, како
и ред други „адети“. Потоа ги пуштаат на шетање низ градот. Ова вечер се
конзумира многу алкохол, а се верува дека со таквото парадирање низ градот, се
чистаат сите зла пред бракот. Ваквата традиција и денеска е присутна во Orkney,
Aberdeenshire, Angus и Fife.
2. Киднапирање на
невестата
Ако киднапирањето во многу земји е нешто сосема несекојдневно и лош чин, во
Романија ова е практика. Гостите на дневните венчавки ја киднапираат невестата,
а потоа го приморуваат младоженецот да дојде по неа и да ги моли да му ја
вратат. Ова е предвидлива и договорена забавна игра, која е со цел да воведе
драма и возбуда.
3. Кршење садови
Ако планирате да стапите во брак со Германец, не губете многу време во купување
и избор на садови. Во ритуалот наречен „Poletarden“ блиските гости се собираат ноќта пред свадбата и
ги кршат садовите, саксиите и други полесни предлети. Па кога ќе искршат се,
настанот се претвора во мала неформална забава. Интернесно нели? Садовите што се
уништуваат симболизираат среќа на двојката.
4. Крадење чевли
Во Индија, младоженецот ќе има доста студени нозе додека не ги пронајде своите
чевли. На неговата свадба, ноќта пред да биде цереномијата, кога младоженците
влегуваат во нивните простории со цел да започнат да се подготвуваат. Од
простојата на младоженецот, семејството на невестата ги краде неговите чевли.
Тој е должен да ги најде пред да започне свадбата, а како помош при
пронаоѓањето нуди пари и благи работи на семејството за да му каже каде се
скриени. Ваквото крадење чевли во Индија симболизира вкстување на двете
семејства и покажува дека тие се подготвени да живеат цел живот заедно низ
смеа.

5. Не е дозволено
купатилото!
Повеќето млади брачни парови со нетрпение го очекуваат својот меден месец или
со нетрпение ја очекуваат својата прва брачна ноќ. Но за луѓето од
индонезиското племе Тидонг, тоа е малку покомплицирано за романтика. Брачниот
пар по свадбата е заедно со роднините во иста куќа, каде тие ги надгледуваат и
следат постојано за да не бидат заедно, па дури и да не влеза т заедно во купатилото.
Доколку тие успеат да издржат три дена, ова значи дека тие ќе имаат среќен брак
и здрави деца, но доколку не издржат тоа значи неверство и неуспешен брак.
6. Плачење
подолго време во текот на месецот
За народот Тујиа од Кина, почнувајќи цел месец пред свадбата, невестата плаче
еден час секој ден! Десет дена по започнувањето со плачење и се придружува
нејзината мајка, за уште по десет дена да им се придружи и нејзината баба. Сите
плачат по еден час во денот. До крајот на месецот секоја жена од семејството
треба да и се придружи на невестата со плачење. Ритуалот сепак не е искажување
тага. Туку напротив, семејството и невестата плачат се со цел да покажат
солидарност, како и радост дека невестата се подготвува да започне нов живот.
Доколку невестата не успее да пролее солзи, ова се смета за лош знак. Ваквиот
ритуал беше практикуван во 17-ти век, иако сè уште го практикуваат многу „Туџи“
семејства.
7. Застрелување на невестата
Некои жени мечтеат да бидат застрелани од стрелата на Купидок, но ова никогаш
не им паѓа на памет. Во кинеска провинција традицијата вели дека младоженецот е
должен да ја застрела невестата со три тапи стрели (од кои не се наесува болка
и се стрела во фустанот), за потоа да го
скрши лактот и да ги собере паднатите стрели и истите
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Нова дрвена куќичка во Суви Лаки со приватно џакузи идеално за викенд уживање!
Сместена на 1000 метри надморска височина, опкружена со борова шума, чист планински воздух и целосен мир, оваа куќичка е создадена за сите оние кои сакаат да избегаат од градската бучава и да се поврзат со природата.
Неделно откритие од Македонија: Скриени приказни што вреди да се споделат
Откријте ја „АЛ-БИ“ библиотеката во Бабино, Демир Хисар — уникатен културен центар и приватна иницијатива посветена на зачувување и достапност на книжевното наследство во Македонија.
Осоговските планини стануваат новиот центар за авантуристички туризам во Македонија
Откриј ги Осоговските планини со Kajak.mk – АТВ тури, кампување под ѕвезди, пикник во природа, коњички тури и уникатни авантури во Македонија.
Дали знаете дека во Македонија има дрвени куќички со панорамски поглед на Охридско Езеро?
Денеска ве водиме во Горна Белица, планинско село сместено на 1440 метри надморска височина, каде природата, тишината и погледот кон Охридското Езеро создаваат доживување кое тешко се заборава.
НОВО: Набљудување на ѕвезди со телескоп во Македонија | Kajak.mk
Доживејте набљудување на ѕвезди со професионален телескоп на локација по ваш избор во Македонија. Идеално за групи, тим билдинг и приватни настани под отворено небо.
Локални водичи во Македонија | Автентични тури со Kajak.mk
Откриј ја Македонија со локални водичи од Kajak.mk. Автентични тури, скриени локации и уникатни доживувања низ целата земја.