29.10.2026

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Дали знаете дека Пехчево може да биде една од најинтересните дестинации во Македонија за организирање тим-билдинг настани? Тимот на Триглав Осигурување, заедно со Кајак.мк, докажа дека вистинското тимско поврзување се случува токму таму каде што природата, локалните вкусови и автентичните доживувања се спојуваат во едно.

Овојпат нашата тим-билдинг приказна нè однесе во прекрасните Берово и Пехчево, две дестинации кои имаат многу повеќе да понудат од она што сме навикнати да го гледаме на туристичките фотографии.

Берово на сите ни е добро познато по чистиот планински воздух, прекрасното езеро, спа уживањето и незаборавните тури со коњи кои ги организира Кајак.мк. Но, дали знаете какви сè доживувања се кријат во соседното Пехчево?


Пехчево е дестинација која допрва треба да го добие вниманието што го заслужува!

Овде можете да посетите локални манастири, да ја почувствувате нивната духовна и културна вредност и да дегустирате автентичен манастирски локум, подготвен од вештите раце на монасите.

За љубителите на природата, Пехчево нуди прекрасни хајкинг тури до познатите Пехчевски Водопади, низ шумски патеки каде што секој чекор е можност за ново доживување.


Но, она што особено нè прави горди е уникатното гурманско пикник уживање кое Кајак.мк го организира во природа, со локални специјалитети, автентични вкусови и атмосфера која не може да се доживее во ниту една класична хотелска конференциска сала.

Токму ваквите искуства докажуваат дека за успешен тим-билдинг не се секогаш потребни луксузни хотели и големи градови. Понекогаш доволни се убава природа, вкусна домашна храна и вистински луѓе.


Кога Тирглав Осигурување патува, цела локална заедница добива!

За нас во Кајак.мк, компании како Триглав Осигурување се бесценети партнери. Не само затоа што ни ја доверуваат организацијата на своите корпоративни настани, туку затоа што со своите одлуки директно придонесуваат за развојот на локалната економија.

Секој организиран тим-билдинг во помалите туристички дестинации значи нова можност за локалните водичи, производители, угостители, домаќини и мали семејни бизниси.


Посебно место во оваа приказна има и семејството Билјарски, кое со многу љубов и посветеност произведува разновидни локални специјалитети.

Со реализацијата на овој настан, Триглав Осигурување даде директна поддршка и на ова локално семејство, покажувајќи дека корпоративните патувања можат да бидат многу повеќе од обично дружење на вработените.

Од срце им благодариме на Триглав Осигурување за довербата и за тоа што заедно со нас докажаа дека Македонија има неверојатен потенцијал за поинаков корпоративен туризам.

А нашата порака до останатите компании е едноставна: Следниот тим-билдинг нека биде повеќе од дружење. Нека биде доживување кое ќе остави позитивна трага и кај вашите вработени и кај локалните заедници.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.