29.09.2026
Кајак.мк со ново сместување на планина Обозна- 1000мнв!
Кајак.мк со ново сместување на планина Обозна- 1000мнв!
И тогаш кога ќе помислите дека сè сте виделе и посетиле во Македонија, Кајак.мк ве води на ново место и нова локација!
Од денеска на Кајак.мк имаме достапно ново сместување на планината Обозна, на околу 1.000 метри надморска височина, до кое можете да стигнете со било каков автомобил, по асфалтиран пат.
| Доколку сакате да погледнете повеќе информации за сместување и да извршите резервација, кликнете ОВДЕ. |

Ова е едно од оние места кои ги бараме низ Македонија за да
ви ги доближиме вам. Место каде утрата започнуваат со свеж планински воздух,
денот може да го поминете во прошетка низ природа и шума, а вечерта да ја
резервирате за дружење со вашите најблиски во мир и приватност.
Новата вила на Кајак.мк е пространа, комфорна и создадена за семејства и друштва. Располага со 4 спални соби со брачни кревети, а секоја соба има сопствен тоалет, голем плакар, маса со огледало, клима уред и парно греење. Вилата може да прими до 8 возрасни лица за ноќевање, а достапно е и креветче за бебе.

А за оние кои не сакаат да седат на едно место, околината нуди можности за пешачење, планинарење, прошетки низ шума, off-road авантури и истражување на природата на Малешевијата.

Ние во Кајак.мк продолжуваме да ги бараме местата кои вреди да ги откриете. Не само познатите туристички центри, туку и планините, селата, шумите и скриените катчиња низ Македонија каде што можеби никогаш досега не сте помислиле да отпатувате.
Доколку сакате да погледнете повеќе информации за сместување и да извршите резервација, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!