21.08.2020

Изолирана вила со базен во Македонија која можете да ја резервирате

Изолирана вила со базен во Македонија која можете да ја резервирате

За топлите денови, тимот на Кајак.мк секогаш има добро решение. Денеска како дел од листата на предлози кои ќе ви ја решат жегата ја додаваме вила Купеница која се наоѓа на одлична локација и недалеку од градската бучава. Вила Купеница ја препорачуваме на луѓето кои сакаат патувања со стил, кои знаат како да ги користат зајдисонцата со добар коктел и тивка музика. 


Вилата се наоѓа во селото Никуљане, 11 км од Куманово и 44 километри од Скопје. Ова вила е идеална за пливање во спокојот на природата, уживање со вашите најблиски или можеби за интимен престој. Имот е опкружен со високи борови дрвја, така што приватноста е на највисоко ниво. Преку лето покрај базен, а на зима покрај каминот додека уживате во чаша добро црвено вино и прекрасен поглед од дневната соба. 


Вилата располага со голема дневна соба со камин, четири спални со вкупно десет легла, кујна, две бањи и еден тоалет.


Што се однесува до дворот, целиот имот има вкупно 5000m2 . Во дворот има базен, сместен на пониска точка, кој може да се користи бесплатно за време на летната сезона.


Како дел од имотот е винаријата “Купеница”. Пред крајот на летото и во раната есен, гостите може да бидат го проследат гроздоберот.

Вилата е идеална за двојки, семејства со деца, постари луѓе, групи (до десет лица), ВИП гости.


Места за посета во околината

Забел – манастирската црква Света Богородица (4км);
Црква Св. Ѓорѓи (5км);
Костопер Вулкан Рок и археолошки локалитет (8км):
Зебрњак – Споменик на битката кај Куманово (10км);
АСНОМ – Меморијален центар (14км);
Кокино мегалитска опсерваторија (20км);
Археолошки локалитет Јустинијанска тврдина и Големо Градиште (28км)
Кочев Камен – пелеолитска пештера (29км);
Карпински манастир (30км);

Доколку сакате повеќе информации, фотографии, цена и контакт за резервација, кликнете ОВДЕ. 

Остави Коментар

Коментари

  • Petar

    04.08.2021 21:35

    Cena za 2 veceri za cela vila koja e cena

  • Irena popjordanovska

    03.07.2021 21:08

    Zdravo, me interesira cena na vilata

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!