06.09.2022
Ја промовирам убавината на Кавадарци преку мојот објектив
Ја промовирам убавината на Кавадарци преку мојот објектив
Во Македонија ќе
запознаете доста фотографи кои несебично ги споделуваат своите дела на
социјалните мрежи, а дел од тие фотографи нив за тимот на Кајак.мк
претставуваат вистински промотори на туризмот во државата.
Ние во Кајак велиме дека добрата приказна и добрата фотографија се главните двигатели на туризмот во една земја, а тоа го тврди и Ристе Стамаџиев од Кавадарци, чии фотографии се дел од календарот на општината, кој е создаден со цел да ги промовира убавините на Кавадарци и околината.

Утре (07.09) со
почеток во 18:00 часот, Ристе
ќе има своја ликовна изложба во музеј „Галерија“ во Кавадарци, а во пресрет на
ликовната изложба, ние разменивме еден лаф-муабет со него.
Ристе вели дека љубовта кон фотографијата ја имал отсекогаш, но таа била сокриена во него. Првиот сигнал дека фотографиите кои ги прави се прекрасни ги добива од позитивните критики од неговите блиски пријатели и познаници, што го поттикнало да започне да се занимава професионално со фотографирање.

Денеска, Ристе
создава фотографија која вреди 1000 зборови. Има своја опрема, професионален
апарат и голема самоиницијатива да фотографира прекрасни предели во Кавадарци и
околината.
За Кавадарци и Тиквешијата вели дека се прекрасен крај кој инспирира во секој поглед. Прекрасно место за живеење кое изобилува со знаменитости значајни не само за овој крај туку и за македонската историја, култура и традиција, што според него се главната причина која го инспирира.

Ристе вели дека неговиот дом е Кавадарци и никогаш не би го сменил. Но не само градот, туку и целиот регион, почнувајќи од Тиквешкото езеро кое е дел од неговите фотографии, како и навивачката група „Лозари“ поради која го засакал „ултрас движењето и начинот на живеење“.
Што се однесува до омилените ќошиња и локации за сликање, Ристе го истакнува „Тиквешкото езеро“ кое според него е број 1 на листата. Особено зајдисонцата и изгрејсонцата, кои се магични. Тука се и винариите, летувалиштето Михајлово на планината Кожув, Моклиште и градскиот парк кој е најголемиот парк во Македонија и е на неколку нивоа и споменикот Костурница од каде се гледа панорама на целиот град.

Во пресрет на
утрешната изложба, Ристе вели дека датумот е одбран со симболика, затоа што на
7-ми септември 1944 година е ослободено Кавадарци и како таков датум за него
има огромно значење. На изложбата ќе има околу 40 фотографии од различни
локации низ Кавдарци.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.
Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?
Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?