15.04.2021

Сончева вила во Охрид со еколошки и зелен двор: Достапна за изнајмување

Сончева вила во Охрид со еколошки и зелен двор: Достапна за изнајмување

Диши, издиши. Месеците за на плажа доаѓаат. Пролетта полека ја појачува зелената боја низ градот Охрид, околните планини и покрај езерото. Во период кога сите сме психички преоптеретени заради пандемијата неопходно е да најдеме начин да се релаксираме. Вистинскиот начин да го рестартираме нашиот УМ е медитацијата, јогата и физичките активности.


Денеска во базата на Кајак додаваме нова вила која има двор со прекрасно хортикултурно уредуање, кој е идеален за уживање во топлите пролетни сончеви зраци. Вила Блажески се наоѓа во близина на кејот на Охридско езеро што дава предност за утринско пешачење или џогирање. Овде ќе се чувствувате како да сте дома заради гостопримството на сопствениците, а истовремено ќе бидете далеку од реалниот дом, грижите и секојдневните проблеми.


Сопствениците внимаваат на сите детали. Тоа е причината која ќе Ве натера да се чувствувате опуштено за време на вашиот престој, а она што најмногу ќе Ве воодушеви е убавиот двор каде ќе може да го пиете вашето утринско кафе. Во самиот двор може да го оставите и вашиот велосипед доколку се одлучите Охрид да го истражувате #НаТочак.


Вилата е лоцирана на само неколку минути пешачење од ривиерата на Охридското езеро, сместена во централното градско подрачје во тивка и мирна област. 


Доколку сакате да прочитате повеќе информации за вилата и извршите резервација, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!