27.11.2020

Престојувате на Кожуф на 1680 метри надморска височина!

Престојувате на Кожуф на 1680 метри надморска височина!

Тимот на Кајак.мк во месец ноември и декември има цел да ги открие сите нови, млади и амибициозни луѓе кои вложуваат во разво ј на туризмот. Луѓе кои пред се го сакаат туризмот и вложуваат го вложуваат своето време. Денеска разговаравме со ЗКП „Зелен Брег“ кои во моментот се во крајна фаза реконструкција на планинарскиот дом „Голубац” кој се наоѓа на Кожуф на 1680 метри надморска височина.

Овој планинарски дом е изграден врз рушевини од стара караула на ЈНА, која се изградила по Првата светска војна. Еден од двата објекти е реставриран од членовите на планинарскиот клуб и истиот денеска се користи за планинарски цели.

Домот се наоѓа на 6 километри од Детското Одмаралиште „Михајлово”, а во непосредна близина на грчко-македонската граница. Поставен е според страните на светот, опколен со букова шума од три страни. Домот располага со струја, вода и сместување за 13 лица. На помалку од 10 километри се наоѓаат врвовите Дудица на 2132 метри надморска височина и Пиново на 2156.

Вратите за гости ќе бидат официјално отворени на почетокот на 2021-ва година, а до тогаш останува да примаат планинари на кои им е потребен престој, отколку да може да се изнајми целиот простор. За сите оние кои се заинтересирани да го изнајмат целиот простор, тоа ќе може да го сторат од наредната година. 

Зошто овој планинарски дом е на совршена локција?

Планинарскиот дом е идеален за сите тие кои се љубители на планинарењето. Она што е доста интересно е фактот дека планинарскиот дом се наоѓа на само 30 метри од грчката граница и има доста интересен судир на клими, а и прекрасни глетки кон Грција и Македонија.Овој дом е идеален за параглајдинг. Во моментот друштвото бара место каде би молеже да слетуваат параглајдеристите, бидејќи како што велат тие, локации за полетување има многу.

За сите оние кои се заинтерсирани и сакаат да бидат во тек со отварањето на домот, може да се јават на: 075389835

До домот се престигнува со теренско возило или секако пеш од детсткото одмаралиште „Михајлово“ од каде има 6 километри или час и половина пешчење.

Овој дом наскоро ќе биде додаден во нашата база на приватни сместувања. Додека чекате да го резервирате, погледнете веќе постоечко сместување на Кожуф, со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.

Ново бајковито место во Македонија каде можете да престојувате!

Ново бајковито место во Македонија каде можете да престојувате!

Охрид од поинаква перспектива: вино и традиционални вкусови

Откријте го Охрид од поинаква перспектива со македонски вина, локални сирења, сувомеснати производи и традиционални вкусови.

Македонија добива уште еден скриен рај! Нови уникатни дрвени куќички кај Кокино!

Македонија добива уште еден скриен рај! Нови уникатни дрвени куќички кај Кокино!