19.03.2022
Апартмани во Свети Николе дел од светот на Кајак
Апартмани во Свети Николе дел од светот на Кајак
За првпат додаваме апартмани коишто се наоѓаат во Свети Николе. Сега можеби веќе немате потреба да барате на разни места информации за тоа каде би можеле да престојувате во Свети Николе, кога ја имате можноста да резервирате престој во „Апартмани Bellevue“.


Сигурно додека го читате ова четиво се прашувате, а што би правеле ние во Свети Николе? За тимот на Кајак важи едно мото, а тоа е дека во секое гратче и секое село има по нешто што да се прави и доживее. Ги ловиме најуникатните места ширум државата кои се идеални за бегство за викенд и засолување на некоја нова адреса.

Домаќинката Милка која ги отвори вратите за светот на Кајак.мк вели дека во регионот може да се оди на риболов на браната Мавровица (секако со поседување лиценца и во сезона на риболов), а Милка вели дека имаат честопати гости кои доаѓаат за истражување и уживање покрај оваа брана.


Фото: Kiril Simeonovski
Она што е доста интересно да се посети е археолошкиот локалитет „Вила Зора“ до каде има изградено нова пешачка патека.

За оние кои не слушнале, а можеби ќе им биде од корист, е селото Кнежје, до кое село во 2021-ва е пуштена во употреба нова велосипедска патека. Исто така наш совет е да го посетите и Ѓуришкиот манастир кој се наоѓа во прекрасна природа.

Фото: Kiril Simeonovski
Доколку сакате
повеќе информации за апартманите, контакт и фотографии, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.
Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?
Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?