18.11.2023
Ново рурално сместување во Мариово
Ново рурално сместување во Мариово
Сместена во долно маало во село Градешница во непосредна близина на чистата и живописна Градешка река се наоѓа уште една нова вила која од денеска е дел од светот на Кајак.мк, а која можете да ја резервирате онлајн со еден клик ОВДЕ.

Тимот на Кајак.мк
е среќен што ја запозна домаќинката Снежана која ни ги отвори вратите за нашиот
свет и ги покани сите наши патувачи и читатели да го посетат ова селце и да
уживаат во нивното гостопримство.
Снежана вели дека нивната вила претставува одлично места за сите оние кои бараат спокој и природна убавина. Селото Градешница го преферираат оние гости кои бараат начин како да се изолираат од градскиот метеж и барем на неколку дена да одморат глава од работниот стрес.

Вилата располага со едно студио и огромна тераса. Студиото има три кревети што може да се каже дека ова сместување е идеално за еден пар или за едно семејство со две мали дечиња.

Градешница е едно од најпознатите села во Мариово ( Битолоско) кое се наоѓа во составот на Општина Новаци и е оддалечено 53 километри од Битола. Местоположбата на ова село е доста специфична, а тоа се гледа по фактот што Градешницата се наоѓа доста блиску до Општина Прилеп , а исто така и до државната граница со Грција. Во селцето има продавница која работи во текот на цела година, а ние ви препорачуваме дел од намирниците да ги набавите и до поголемите градови пред да тргнете накај селото. Селото е поврзано со градот Битола преку регионалниот пат 2338 и се наоѓа на надморска височина од 800 метри.
Повеќе
информации, фотографии и опција за испраќање на он-лајн барање за резервација можете
да добиете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.