17.08.2021

Отворивме хотел за домашни миленици

Отворивме хотел за домашни миленици

Во Македонија се повеќе расте интересот кај граѓаните да чуват домашни миленичиња. Луѓето кои живеат во градските средини, а кои чуваат домашни миленичиња, честопати се соочуваат со непланирани патувања, каде се јавува потребата да некој се грижи за миленичето додека тие се на пат.

За оние кои се уште не слушнале, тимот на Кајак.мк е среќен да ви ја раскаже приказната за хотелот за домашни миленици „PetCare Hotel“ кој од денеска е дел од нашата база на приватни сместувања, а кој е наменет за престој исклучиво за кучиња и мачиња.

Позади ова интересна приказна стојат Никола Радовиќ студент на факултет по ветернарна медицина и Магдалена Калчева, студент по општа медицина.


Тие ни раскажуваат дека иако се студенти, доста добро се посветуваат на работа која е дел од нивното секојдневие. Не се сеќават на последното утро кога во дневната соба не биле пречекани од неколку среќни кутриња, а не ни сакаат да знаат за поразлични утра. Се обидуваат вешто да се справат со студиите и обврските кои ги налагаа оваа работа и се гордеат со успехот.


Запрашани од каде идејата за отварање на хотел за миленици. Никола ни раскажува дека уште на многу мали години, околу 12, татко му кој е ветеринар го запрашал дали би чувал 2 мачиња за луѓе кои одат во странство. Тој дотогаш имал чувано негови миленици и тоа мачиња, кучиња, гуштери, желки, папагали, хрчаци. Но ниту едно не било на негова одговорност.

За среќа тој се пронаоѓа во ова во сето ова. На околу 15 години се запрашал што би правел во животот и на која професија би сакал да се посвети, а да биде среќен со тоа што го работи. Оттука доаѓа идејата да хотел за миленици. Штом завршува средно, развил план за како да изгледа сето ова сега. Се преселува во Илинден, каде го гради хотелот. Денеска заедно со неговата колешка, ја работат работата од соништата во полн капацитет.  


Милениците овде добиваат своја собичка со хотелите за мачиња и кучиња изградени во домот, слобода, грижа, постојан надзор и ветеринар достапен 24/7 (доктор Жарко од Пет-Вет). Секоја собичка е опремена со креветче, чинии за храна и вода, играчки, осветлување, клима во летните периоди и подно греење за ладните периоди. Покрај тоа, кучињата се слободно пуштени да шетаат и играат во дневната и дворот кој е добро ограден и ако сопствениците сакаат, се прават и долги прошетки со милениците. Мачињата се слободни да седат во просторијата во која се наоѓа мачешкиот хотел и терасичката која е посебно изградена да е безбедна, а да можат да гледаат надвор.

Условите кои ги нудат, конзистентноста во трудот да го исполнат ветувањето дека ќе го чуваат миленикот исто како што го чуваат дома и нивната искрена љубов кон животните, постојано буди позитивни реакции кај сопствениците на милениците кои ги чувале. Секогаш им е драго кога ќе бидат препорачани, кога ќе слушнат дека сме биле нивниот најсигурен избор и особено кога некој миленик им станува редовен гостин. Тоа го чувствуваат како знак дека сопственикот има доверба во нив и навистина го ценат тоа. Условите им допаѓаат бидејќи знаат дека приоритетите се заеднички. Кучето нема да седи затворено во бокс, се додека не е агресивно со другите. Ако е дружељубиво, собите служат само за јадење. Агресивните кучиња добиваат двор на смени и долги прошетки. Миленикот сам покажува како поминал, веднаш се гледа дали било под стрес или доживеало некаква траума.


Никола вели дека тоа што се случува кај нив е миленикот да сака да се врати, да се радуваат кога ќе ги видат нив на второ доаѓање или на самото доаѓање да заборават на сопствениците.

Честопати сопствениците се повредуваат кога гледаат дека миленикот веќе се препушта во игра и не им обрнува внимание, вели Никола, но додава дека има раси кои се навистина поврзани со тие што го чуваат или не сакаат да се социјализираат и за нив било која разделба е стресна.


Сигурно сте љубопитни за условите и можеби размислувате да му резервирате уникатен престој на вашиот миленик? Доколку сакате повеќе информации за сместувањето, контакт и цени, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Коментари

  • Vesna Stoilova

    14.01.2025 16:54

    Pocituvani, dali seuste raboti hotelot za milenici. Ako da, kade se naogjate i kolku e cenata za macka na den. Vi blagodaram

  • Christina Wassenaar

    08.07.2024 19:18

    Hello. I will need to travel and have a kitten that needs a place to stay for two months. I know it's a long time but I at least need to ask. Is this possible? I was recommended to you by one of your clients. Thank you Christina

  • Afrodita Davcevska

    06.02.2023 22:03

    Dali seuste vi e hotelot za macki vo funkcija? Ako e koja vi e cenata od den?

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!