14.02.2024

Горан го промовира Делчево како нова винска дестинација

Горан го промовира Делчево како нова винска дестинација

Кога зборуваме за винарии, најчесто се асоцираме на Тиквешкиот регион, кој е доста познат по своите плодни почви, сорти на грозје и локални производители. Но, дали сте слушнале за љубителите на винарството во регионот на Делчево?
До самата река Брегалница, Горан Арсов со гордост ни ја претставува својата винарија. Како нов производител, раскажува за своите почетоци.


Освен љубовта кон виното, искуството го стекнува од книги и учебници од автори со врвно винско искуство и со тоа ни докажува дека секој сон може да стане реалност. Одработените над 300 ферментации на разни видови овошје покрај грозјето, како малини, капини, јагоди, банани, портокали, дињи и друго што укажува на сериозно винарско искуство. Горан ферментира и материјали кои не се овошје, како медот, добивајќи медовина (т.н вино од мед).


Кога стекнува доволно искуство за квалитетно работење со ферментација и контролирање на нејзиниот процес, прави серизона инвестиција со купување на опрема и дваесетина тони грозје за бербата 2023. "Во оваа берба се одлучуваме да се концентрираме на помал број вина со што знаењето, работата и енергијата ќе бидат концентрирани на помал број производи, очекувајќи поголем квалитет и помалку трошоци". - ни раскажува Горан.


Во берба 2023, винарија Арсов има две вина, околу 2000 шишиња Темјаника под името Темјаника Прима од тиквешкото виногорје и околу 8000 шишиња вранец под името Скротен Вранец направен од грозје од тиквешкото и светиниколското виногорје. Скротен Вранец доби златна плакета од натпреварот на млади вина во Неготино. Темјаника Прима засега нема добиено награди, но според многумина има сериозен квалитет.


Уникатна можност да ги погледнете и пробате овие вина од нашата бакалница со еден клик ОВДЕ.

На Горан му благодариме споделување на ова прекрасно искуство за тимот на Кајак.мк

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.

Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?

Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?

Од долгогодишна идеја до ресторан во срцето на Берово: приказната за „Антико“

Во срцето на Берово, „Антико“ ве пречекува со домашни вкусови, пријатна атмосфера и топло гостопримство — место каде што убавите моменти се споделуваат околу трпезата.

Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!

Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!

Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија

Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија