12.06.2022
Дрвена куќарка во овоштарник која излегува на дива плажа на Охридско езеро
Дрвена куќарка во овоштарник која излегува на дива плажа на Охридско езеро
Денеска во базата на Кајак.мк додаваме уште една прекрасна дрвена куќарка која е уредена во рустикален стил, идеална за луѓе што сакаат да поминат повеќе време во природа, а сепак во близина на плажа и атрактивности. Ова сместување го препорачуваме на патувачи кои им треба мир, како и за родители со деца.

Куќарката има пристап
до дива плажа која е со минимално уредување со цел да се сочува автентичноста.
Пристап до неа има само низ овоштарникот во кој е стационирана куќарката или
пак преку вода.
Убавата вест за љубителите на овошје е тоа што ќе може да уживаат во вкусовите на свежото овошје за време на бербата која трае од јуни до ноември, бидејќи овде може да се најдат различни сорти кои овозможуваат подолг период на застапеност на овошјето. А нема ништо повкусно од овошје набрано дирекно од дрво, нели?

Гостите кои ќе престојуваат во куќарката, имаат на располагање бавча со зеленчук, сезонско овошје кое можат сами да го наберат, како и пристап на дивите плажи кои се на 10 минути пеш низ овоштарник, а до кои може да пристигнат и со кола.

Куќарката е сместена во Divine Farm - овоштарник на брегот
на Охридското Езеро која е веќе повеќе
од една година дел од базата на Кајак.мк, а за која фарма можете да прочитате повеќе
со еден клик ОВДЕ.
Во непосредна близина на куќарката се наоѓа манастирот Св.Наум и селото Љубаништа, 30-40 минути возење од Охрид, 5 минути од границата со Албанија и 15 минути од најблискиот град во Албанија-Поградец.

Доколку гостите
побараат, постои можност за дополнителни активности, да се искуси
животот на фарма, односно да се вклучат во секојдневните активности. Исто така постои можност за организиран
разглед на Св.Наум, Охрид и Албанија со посета на Тушемиште, Поградец и
Лин со лиценциран туристички водич се наплаќа дополнително.
Доколку сакате повеќе
информации за куќарката, контакт за резервација и фотографии од внатрешноста,
кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!