06.05.2022
Организираме планински велосипедски тури на Јабланица, Караорман, но и Галичица и Стогово
Организираме планински велосипедски тури на Јабланица, Караорман, но и Галичица и Стогово
Денеска во светот на Кајак.мк ни се приклучува група ентузијасти
велосипедисти и љубители на природата, кои својата организација ја именувале
како „Rupicapra MTB Struga“.
Кајак има чест да ве запознае со новите локални херои со кои можете да се дружите доколку стапите во контакт преку нашата база „Каде Овде“ или со еден клик ОВДЕ.

Виктор Паун, Даниел, Дуле Шутин, Дејан Ришо, Дејан
Наумоски и Зоран Стрезоски се дел од хероите
велосипедисти кои неуморно ја промовираат убавината на западна Македонија. За
Кајак велат дека нема шумски патеки што не ги знаат, а нема ни значајни места кои се наоѓаат на
локалните планини кои ги немаат посетено.
Како група веќе одредено
време се занимаваат со организирање на локални тури со велосипеди за патувачите
кои имаат сопствен велосипед.
Нивните тури најчесто ги организираат на планината Јабланица и Караорман, но често се среќаваат и на Галичица и Стогово.

За нив возењето
МТБ по поранешниот воен пат преку караулата „Три Шилка“ е
вистинска авантура, а која тура често
знаат да ја препорачат.
Кајак се обиде да
побара објаснување на турата, со што го добивме следното инфо:
Најпрво по асфалт групата се искачува до Вишни (1040мнв) па од тука почнува искачувањето по шумски пат до ,,Три Шилка" (1500мнв) и спуст покрај границата со Албанија до граничен премин Ќафасан. Од Ќафасан спустот продолжува по шумски пат до селото Радожда. Она што заведува по целиот пат е панорамата кон Охридското Езеро и Струга.

ТУРА БРОЈ 2:
МАЛЕСИЈА
Вистинска атракција за МТБ бајкерите е возење по сите села
во областа Малесија која се протега на западните падини на планината Караорман
и е една од најживописните области.
Возењето до таму води прво до хидроцентралата Глобочица, на околу 30км од Струга по асфалтен пат. Од централата (600мнв) почнува искачувањето по off road пат, покрај селата Селци и Буринец до Локов (1350мнв). Од Локов исто по земјен пат патот продолжува преку 'Ржаново до Зб'жди па од тука почнува асфалт, преку Присовјани, Мислодежда и назад Струга

ТУРА БРОЈ 3: ЛАБУНИШКИ БАЧИЛА
Лабунишките
бачила се наоѓаат на планината Јабланица, 6км
од селото Лабуништа (4км асфалт и 2км
тампон). При самото искачување на
Лабунишки бачила ќе ве обземе фасцинантна глетка која ќе ве остави без зборови. Над бачилата на 2.5км се наоѓаат двете
Лабунишки езера на 1930мнв. Преку Лабунишките езера се стигнува до Подгоречкото
Езеро, па Подгоречки бачила и во
селото Подгорци.
Едно од повозбудливите МТБ возења на планината Јабланица е
возењето до селото Лакајца на околу 1300мнв. Од асфалтниот пат до селото има 10км off road патека идеална за
МТБ. Оваа година за сите авантуристи
ќе се организира рута
Струга-Лакајца-Лабунишки бачила-Струга.

Вистински предизвик е возење планински велосипед до
Вевчанска локва и голина која се наоѓа на околу 1700мнв. Во пролетните и летните месеци масовно се посетени од мтб бајкери, планинари и вљубеници на природата. За мтб бајкери има две рути, преку Г.Белица и преку Вевчани (Црвен
кладенец).
Доколку сакате контакт од друштвото и повеќе информации, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.