13.12.2022
Предлог викенд гастро дестинација на југот на Македонија
Предлог викенд гастро дестинација на југот на Македонија
Уште една гастро станица ни се приклучува во базата „Гастрономија“. Денеска тимот на Кајак.мк ќе ве запознае со домаќините Кристијан и Миле кои ја градат приказната на рибниот ресторан „Елита“ кој се наоѓа на југот од државата.

За оние кои се
уште не слушнале за рибниот ресторан, треба да ги имаат
предвид следните информации:
Рибниот ресторан се наоѓа на патот помеѓу Богданции- Дојран, на 7 километри од Богданци. Отворен е 2005-та година и опстојува до ден денеска.

Она што го прави уникатен ресторанот е самото езерце кое е изградено на коритото на постоечката река „Луда Мара“, а кое е наследство на повеќе генерации на фамилијата Тодорови и е симбол за успешност во работата.

Фамилијата Тодорови од Богданци кои менаџираат со ресторанот успеале да ја пребродат пандемијата од Ковид-19, да се соочат со најголемата криза и да му пркосат на фактот дека во Македонија има мал број на успешни приказни.

Денеска, гостите во ресторанот може да вкусат свежа риба, а овде спаѓаат: крапот, пастрмката, лососот, бранцин и орада, додека од скара може да се вкуси речиси се што имаат и останатите ресторани.

Како специјалитети
на кујната се издвојуваат „Млечка од Крап“ и „Димен Крап“ кои ги подготвува
ресторанот. Димениот крап се прави во специјална просторија на дрва од слица,
брест и даб. Воедно треба да
знаете дека фамилијата Тодорови повеќе од 100 години произведува домашна
ракија, мастика, црно, бело и розе вино кои може да се дегустираат во
ресторанот.
Внатрешниот дел е
со капацитет до 55 гости, додека пак летната тераса е за 70 гости.
Доколку сакате да
ја погледнете точната локација и да стапите во контакт за резервација, кликнете
ОВДЕ.
Коментари
-
Laze Arnaudov
15.12.2022 08:52
Sme naminale mnogu pati..mestoto e zakon, so odlcni domašni proizvodi. Najdobri pozdravi
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Планинско сместување на Кајак.мк каде никој нема да може да ве најде!
Планинско сместување на Кајак.мк каде никој нема да може да ве најде!
Македонија по зајдисонце: земјата што не ја гледаме преку ден
Што се случува во Македонија кога ќе се стемни? Од ѕвезденото небо и ноќните планински патеки до селските огништа и необичните места за престој.
Како високите температури влијаат врз пчелите и опрашувањето во Македонија
Како високите температури влијаат врз пчелите, опрашувањето и природата во Македонија и зошто климатските промени се важни за пчеларството и земјоделството.
Хотел во Јапонија каде гостите не само што престојуваат, туку учат традиција стара со генерации
Хотел во Јапонија им овозможува на гостите да запознаат древна традиција, да посетат фарма и да научат како се подготвува традиционален ферментиран зеленчук.
Оваа планинска оаза е во Македонија и во неа може да се престојува!
Оваа планинска оаза е во Македонија и во неа може да се престојува!
Дали Македонија знае да го претвори филмот во туризам?
Од „The Odyssey“ на Кристофер Нолан до Мариово и македонските филмски локации – може ли филмот да стане нов двигател на туризмот во Македонија?