17.02.2022

Имам 25 години, одгледувам магарици и произведувам млеко

Имам 25 години, одгледувам магарици и произведувам млеко

Работата со животни на село воопшто не е лесна и не изгледа како на филмовите. Работата на село со животни е сериозна обврска, бидејќи на душа носите животни кои секојдневно ги гледате, галите, хранете, внимавате да не настинат, да не останат гладни и да не се разболат.

Со вакви зборови, нашата нова локална хероина Стефанија започна со раскажување на сопствената приказна.


Стефанија има доста уникатна приказна која вреди да ја прочитате до крај. Живее во Прилеп, а за да стигне до работа патува по пет километри надвор од градот. Има само 25 години и вели дека е среќна и горда на нејзиниот досегашен успех. Оние коишто ја познаваат со сигурност ќе кажат дека таа е весела и позитивна личност, која секогаш е расположена да ви даде некој совет и да разговара на теми од нејзината област.


Кога сме веќе кај нејзината област, тимот на Кајак е среќн што ќе ве запознае со првата жена која веќе две години одгледува магариња и продава млеко од магарици.

Ја запрашавме како дошла до идејата да се занимава со ваква професија. Таа на ова ни одговори дека пред сè литературата што ја читала како помала и вродила идејата да отпочне со производство на млеко од магарици, најпрво за сопствените деца, а подоцна и за пошироката јавност.


Магариците ги чува во штала опколена со ливади и во недопрена природа тие се чувствуваат слободни и трчаат по ливадите на преградениот предел.

Стефанија вели дека покрај литературата која била еден од главните мотиви да отпочне со одгледувањето на животни, поттик биле и нејзините деца, за кои при нивна настанка постојано размислувала како да ги лекува користејќи природни и алтернативни начини.


За Кајак раскажува дека во Македонија ваквото млеко е добро по неговото лековито дејство, но додава дека луѓето грешат кога ќе речат дека млекото е добро само за познатата црна кашлица. Таа смета дека ваквото млеко се покажало како добар чувар на белите дробови и истакна примери од повеќе консументи кои го кристеле млекото додека биле позитивни на „Ковид-19“.


„Ова млеко целосно ги прочистува белите дробови и често го користат луѓе кои страдаат од бронхитис, пневмонии, астма, алергии, но го конзумираат и такви што сакаат да го подобрат сопствениот имунитет и крвна слика“, објаснува Стефанија.

Млеко е можеби меѓу единствените кои во својот состав имаат витамин „ЦЕ“, а продобивките од неговото конзумирање ги почуствувал скоро секој. Покрај продажбата на млеко, Стефанија изработува и домашни сапуни кои во својот состав имаат млеко од магарица и ладно цедени кокосови и маслинови масла.


„Работата со животни не е лесна, денот ми е исполнет со грижа околу нив. Треба да им се достави јадење и вода, потоа да се исчешлат бидејќи многу сакаат кога некој ги чешла, а отпосле им се радувам кога ги гледам како трчаат по ливадите“, раскажува таа и додава дека како кај младите прленца така и кај возрасните, секоја есен и пролет им врши редовно чистење на копитата.


За неа ова е огромна радост. Играта на помалите прленца околу неа ја исполнува во секој миг. Стефанија вели дека секое животно ќе биде среќно доколку препознае како го гледате со очи полни љубов. За неа секој почеток е тежок, но доколку сте љубеници на животни, тешкотиите ќе се заборават со првиот поглед што ќе го впери невиното животно кон вас.


Стефанија е уште една локална хероина која од денеска е дел од базата на луѓе кои прават мали нешта од огромно значење за развојот на туризмот во Македонија. Доколку сакате да ја контактирате за да купите од нејзините производи, тоа ќе може да го направите на 075564341 или пак на фејсбук страницата „Магарешко млеко“. 

Остави Коментар

Коментари

  • Emini Cemaledin

    14.05.2025 23:53

    Zdr Me intereaira za magaresko mleko, dali imate? Ako imate nekoj kontakt telefon da mi dadete za da kontaktirame

Прочитајте повеќе

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.

Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?

Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?

Од долгогодишна идеја до ресторан во срцето на Берово: приказната за „Антико“

Во срцето на Берово, „Антико“ ве пречекува со домашни вкусови, пријатна атмосфера и топло гостопримство — место каде што убавите моменти се споделуваат околу трпезата.

Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!

Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!

Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија

Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија