18.07.2022

Ранч со базен и животни за добро друштво

Ранч со базен и животни за добро друштво

Она што постојано настојуваме ние во Кајак е да ви докажеме дека и во Македонија има уникатни и несекојдневни места кои можете да ги посетите, да слушнете нови приказни, да уживате на поинаков начин од оној досега вообичаениот.


Нашата локална хероина Марија Дуда, за која сме зборувале и трубале многупати, секогаш е позитивна да сподели нови моменти со нас и да нè освежи со новитети во нејзиниот ранч.


Ако Мариjа на почетокот ранчот го стартуваше со неколку животни, денеска во простран двор може да се најде една цела “војска“ преслатки животни со кои можете да уживате покрај базен, да ги галите додека читате книга, да ги храните додека и вие ручате во дворчето и ред други активности.


Приказната на Марија допре до многу наши патувачи, Многумина од нив ја прифатија приказната каква што сака Марија да ја раскажува, со фокус на љубов кон животните, природата и секако активниот туризам.


Ранчот на Марија се наоѓа во околината на Ранковце, веќе повеќе од една година е дел од нашиот свет, а досега сме организирале и тим-билдинг каде Марија се покажа како одлична домаќинка.

Најважно од се е гостите кои ќе се одлучат да присуствуваат овде да бидат љубиели на животни или со еден збор да ги сакаат животните.

Овде животните слободно се шетаат, уживаат, се дружат со гостите, овде ранчот е свет во кој сите се еднакви.


Она што особено ни е драго е фактот дека Марија организира отворени денови за сите ранливи категории граѓани, деца со посебни потреби и деца кои заслужуваат да бидат среќни кога се во придружба со животните. Тоа е факт што за нас ранчот „ The Countryside“ е вистински општествено одговорен ранч.


Дали би замислиле еден ден покрај барот каде се служат пијалоци, уживање во базен, а околу вас козите љубопитно набљудуваат како да ви го испасат „Мохитото“? Доколку сакате повеќе информации и контакт за резервации, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!