10.06.2022

Село Кучково: Рурална дестинација за модерни настани

Село Кучково: Рурална дестинација за модерни настани

Еј друштво, тимот на Кајак.мк денеска ќе ве запознае со уште една дестинација идеална за организирање на настани на отворено.

Не станува збор за сместување, ниту пак за гастрономска дестинација, туку станува збор за простор кој можете да го резервирате и да организирате настани.


Денеска разговаравме со домаќинката Елена, која стопанисува со просторот а која за Кајак.мк вели дека причината поради која луѓето ја бараат локацијата е специфичноста на просторот која нуди апсолутна приватност. Станува збор за голем простор каде што сте само Вие опкружени со зеленило и природа, додава таа.


Елена вели дека селото Кучково има голем неискористен туристички потенцијал, луѓето го сакаат селото бидејќи е прополтано во природа, а сепак само 15 километри од центарот на Скопје.

Отворениот простор е идеален за приватни настани, на него може да се реализираат сите идеи, без разлика дали станува збор за тематска прослава, тим-билдинг, јога часови и слично.


На располагање се неколку летниковци, зелени тераси, целосно опремено детско игралиште за загарантирана забава за најмалите, а за гурманите има скара со фурна која што може да се користи. 


Елена вели дека најчесто се организираат детски родендени, мали свадби и семејни прослави, но среќна е што имаат најави за првите странски групи.

Доколку сакате да стапите во контакт со елена, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?

Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?

Од долгогодишна идеја до ресторан во срцето на Берово: приказната за „Антико“

Во срцето на Берово, „Антико“ ве пречекува со домашни вкусови, пријатна атмосфера и топло гостопримство — место каде што убавите моменти се споделуваат околу трпезата.

Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!

Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!

Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија

Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија

Кајак.мк со ново сместување на планина Обозна- 1000мнв!

И тогаш кога ќе помислите дека сè сте виделе и посетиле во Македонија, Кајак.мк ве води на ново место и нова локација!

741 илјада туристи за седум месеци: Македонија може многу повеќе

Македонија има што да понуди, но туристичкиот потенцијал сè уште е поголем од бројките Во првите седум месеци од 2026 година Македонија регистрирала 741.446 туристички доаѓања. Растот е мал, а следниот чекор е подолг престој и повеќе причини за патување низ земјата.