14.04.2021

Отсега ќе може да престојувате во куќата на Пупин

Отсега ќе може да престојувате во куќата на Пупин

Целта на Кајак.мк е да ви докажеме дека и вие може да припаѓате секаде. Да престојувате на места каде никогаш не сте ни помислиле дека може да престојувате. Целта на Кајак.мк е да ве конектираме со различни луѓе, да стекнувате нови пријателства и да градите нова патувачка култура. Во една реченица, сакаме да развиеме нова ера на туризмот во Македонија и надвор од неа кога станува збор за македонски туристи.

Кога сме веќе кај сместувањата, драго ни е да ве информираме дека од денеска во нашата база е присутна и „Пупиновата куќа“. Доста уникатно сместување во Македонија, кое освен одмор ќе ви понуди многу лекции кои може да ги научите додека престојувате таму. 

За многумина од вас можеби се уште е непознат фактот дека во Вевчани се наоѓа куќата на Пупинови, семејството од кое потекнува Михајло Пупин. За оние пак кои не слушнале за Михајло Пупун, тој е научник, особено заслужен за развојот на електротехниката и телекомуникацијата во светот и е еден од најголемите физичари и електротехничари.

Доколку добро го познавате Пупин сигурно ќе бидете изненадени од фактот дека од денеска може да резервирате престој во „Пупиновата куќа“ каде што живеело неговото семејство. 

Куќата се наоѓа во центарот на Вевчани. Градена е во 1880 година од семејството на Михајло. Маалото и сокакот, од памтивек наречен Пупинов, со реконструкцијата и обновата на куќата добиваат душа и привлекуваат многу туристи.

Внатрешноста на куќата е доста автентична. Доколку престојувате овде ќе го почувствувате духот на домот во кој живеело семејството. Зачувана е старата дрвена порта која води до прекрасниот двор кој плени во етно стил. Во самата спомен куќа ќе може да ги видите рачно изработените скали од костеново дрво, собите со огништа- камини.

Куќата располага со три соби за престој. Од кои две имаат еден брачен кревет и еден единечен кревет, а третата има само брачен кревет. Опремени се со сопствено купатило, а една од собите има и сопствена тераса. Сместувањето е идеално за проучување на Вевчани.


Можете да ги посетите изворите, да појдете на планинарење, а исто така имате и тениско игралиште за исполнување на слободното време со физички активности.

Повеќе информации за сместувањето, фотографии, цена и контакт ќе најдете со еден клик ОВДЕ.

П.С: Кои се вашите размислувања и ставови? Пишете ни во коментар под самиот текст.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!

Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!

Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија

Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија

Кајак.мк со ново сместување на планина Обозна- 1000мнв!

И тогаш кога ќе помислите дека сè сте виделе и посетиле во Македонија, Кајак.мк ве води на ново место и нова локација!

Од долгогодишна идеја до ресторан во срцето на Берово: приказната за „Антико“

Во срцето на Берово, „Антико“ ве пречекува со домашни вкусови, пријатна атмосфера и топло гостопримство — место каде што убавите моменти се споделуваат околу трпезата.

741 илјада туристи за седум месеци: Македонија може многу повеќе

Македонија има што да понуди, но туристичкиот потенцијал сè уште е поголем од бројките Во првите седум месеци од 2026 година Македонија регистрирала 741.446 туристички доаѓања. Растот е мал, а следниот чекор е подолг престој и повеќе причини за патување низ земјата.

Доаѓа викенд: кои диви животни може да ги сретнете на планина во Македонија?

Планирате планинарење? Дознајте кои диви животни живеат во македонските планини и како да постапите ако забележите мечка, дивокоза, волк или змија.