07.10.2022

Историја и вино: За добар старт на октомвриските тим-билдинг патувања

Историја и вино: За добар старт на октомвриските тим-билдинг патувања

Октомври го отворивме со тим-билдинг на две сосема доволно познати дестинации. Компанијата Сингулар со која имавме прилика да се дружиме на третиот ден од месец октомври за своите колеги од Грузија организираше уникатна прошетка низ тиквешкиот регион. Денот ни започна со посета на археолошкиот локалитет „Стоби“, парче земја која како гласник нѐ гордее со онаа кое денеска можеме да го покажеме пред странските туристи.


За тимот на Кајак.мк, локалитетот Стоби е дестинација која мора да ја посети секој македонец. Без разлика дали некогаш ве одвеле како група во локалитетот, наш совет е да ја посетите индивидуално, како би можеле да уживате во тишината и да ја почувствувате енергијата на историскиот локалитет. Стоби има свои локални водичи кои може да ви ја раскажат историјата, да ве запознаат со минатото и да ве поттикнат да размислувате за начинот на кој се живеело на ова поднебје.


Втората дестинација која ја посетивме беше винаријата „Тиквеш“, за која ние постојано велиме дека големите винарии како „Тиквеш“ се амбасадорите на Македонија во странство, а пак за малите семејни винарии додаваме дека тие се новата душна на македонското вино.


Ходниците на Тиквеш мирисат на искуство од далечната 1885 година. Денеска во винаријата можете да реализирате кратка обилколка, да се запознаете со нејзиното минато, со начинот на производство на вино и со она кое Тиквеш го има како стремеж во иднина.


Во склоп на винаријата има вински подрум, каде ние заедно со групата имавме прилика да дегустираме пет различни вина, парирани со разновидна храна. Инструкциите за парирањето на виното со храната ни се секогаш добредојдени.


Компанијата „Сингулар“, преку своето друштвено патување даде поддршка на локалните занаетчии „Зингибер“, а воедно донираа и 200 дрвца за пошумување.

Повеќе фотографии од патувањето, можете да погледнете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!