27.07.2022

Вила и апартмани во Вевчани идеални за цело друштво

Вила и апартмани во Вевчани идеални за цело друштво

За време на нашето постоење успеавме да го наметнеме Вевчани како дестинација која треба да ја посети секој. Вевчани има доста традиционални ресторани во кои се приготвуваат локални специјалитети.


Кајак.мк го промовира Вевчани и по атракциите кои може да го исполнат вашето слободно време. Овде се Вевчанските извори, ранчот за јавање коњи, патеките за планинарење, патчињата до Јабланица и уште многу други опции кои ќе ве направат активен турист.

Ова се доволно причини кои ќе ве поттикнат да го посетите и да престојувате во Вевчани. Кога сме кај престојувањето, денеска ќе ве запознаеме со уште едно модерно скривалиште наречено „Комфорт соби“ кое се наоѓа на самиот кеј на реката која води во изворите. Замислете како уживате на терасата или во дворчето на вилата и го слушате звукот на реклата во доцните ноќни часови. Вилата се наоѓа на прекрасна локација, а во околината можете да најдете тениско игралиште, традиционален ресторан со прекрасен зелен двор, маркет, патеки за пешачење, аптека и болница.


Домаќините кои ги отворија вратите за светот на Кајак.мк велат дека она што најмногу ги привлекува гостите е мирната локација и погледот кон зеленилото. Свежите ноќи и утра се вистинска придобивка за луѓето кои сакаат да ги наполнат батериите.


Сместувањето е опремено со се што му е потребно на еден турист. Има капацитет за околу 15 лица, што значи дека овде може да отпатувате и со цело друштво или колеги. Во склоп на вилата има заедничка просторија за дружење што значи дека можете да ги преселите и вашите он-лајн канцеларии на одреден период. Звучи интересно, зарем не?


Домаќините се достапни постојано, а од истите можете да побарате информации и препораки за прошетки. Зад објектот има мала уличка која дирекно ве поврзува со патеките на планината Јабланица и самиот кеј до изворите.

Во Вевчани е прекрасно во секој период од годината. Затоа доколку сакате повеќе информации, фотографии и контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.

10 евтини градови во Европа за викенд-патување

Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.