08.03.2021
Ги имам искачено 7-те највисоки врвови во светот и посетено повеќе од 50 земји
Ги имам искачено 7-те највисоки врвови во светот и посетено повеќе од 50 земји
Денеска е 8-ми Март, за многумина од вас важен ден
од годината. Секоја година на овој ден се поставуваат многу прашања, се
дискутира со различни ставови и гледишта за жените во Македонија и светот. Ние не би биле Кајак ако не споделиме патувачка приказна која би инспирирала
многу жени.

Денеска ќе ви ја раскажеме приказната на Илина
Арсова, чија приказна е доста позната, шт може да се каже дека е лекција која
ќе ја повториме.
Илина е македонката која мотивира многу луѓе да се
заљубат во активниот туризам. Таа е првата жена која ги има искачено седумте
највисоки врвови на седум континенти. Таа е дел од седумдесете жени во светот
кои го постигнале овој предизвик. Ова ја мотивира да започне со подигање на свеста
на женското планинарење на овие простори.

Илина соработува со македонската ин-каминг агенција
„Балкан Прајм Турс“ кои организираат одлични патувања за сите странски туристи
во државата. Арсова вели дека туризмот го наоѓа како врска помеѓу природните и
културни вредности на нашата земја, кои подеднакво ги почитува. Јазиците и се
клучната алатка за патување низ светот, како и за соработка со странски
туристи. Благодарение на зборовите на нејзината мајка: „Учи јазици, светот е твој“ успеала да ги научи и зборува
шестте светски јазици и да комуницира на вкупно десет. Предноста да ги совлада
јазиците е поради тоа што има патувано во педесеттина земји и работено во
повеќето од нив.

Илина вели дека има интересно искуство со Балкан Прајм во последниве неколку години. Како туристички водич веќе 15 години, со огромна љубов ги споделува убавините на нашата земја со домашните и странски гости. Балкан Прајм е една од малкуте агенции каде ужива додека работи, а вели дека во последно време сака да се посветува и на приватни проекти кои ја прават среќна.

Арсова е задоволна од тоа како странските туристи гледат на Македонија. Според неа, тие остануваат без збор, истовремено се воодушевени од природните убавини и вџашени од негрижата кон природата, отпадокот и екстремно ниското еколошко ниво во земјава.

Она што можеби не сте го знаеле е фактот дека сликарството е нејзината првична професија. Сите други разновидни искуства се наталожуваат и калемат во непосредна врска со умерноста.
За неа најинтересно е што некои од туристите толку се поврзуваат со неа што до денеска се во контакт. Контактира со туристи со кои се дружела уште во 2003-та година кога активниот туризам во Македонија беше во подем.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.
Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?
Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?