10.02.2022

Дали сте слушнале за село Вишни?

Дали сте слушнале за село Вишни?

Дали сте слушнале за село Вишни? Кајак.мк ја надополни базата од приватни сместувања со рустична селска куќарка во селото Вишни, а која може да ја резервирате со еден клик ОВДЕ.


Фото: Darko CV

Нашиот тим не би бил спокоен ако не ви ги сподели информациите за селото, околината, како и да ви даде совети за тоа што треба да правите во Вишни. За љубопитните патувачи кои се нетрпение чекаат да додадеме ново сместување и да го спакуваат куферот, треба да го знаат следното:

Село Вишни се наоѓа во склоп на општина Струга. Oна што го прави селото да биде уникатно е надморската висина од 1050 метри од каде има прекрасен панорамски поглед кон Струга и Охрид.


Foto: Nome Gaming

До селото може да стигнете по магистралниот пат од Струга кој води до граничниот премин Ќафасан.

Доколку се одлучите да го посетите селото и да престојувате во новата уникатна рустикална куќарка, наш совет е да ги посетите изворите кои се наоѓаат во околината на селото. Ова е одлична можност за активности во природа и уживање во чист планински воздух.


Foto: David Duce

Вишенските избори или Студенец, Извор, Чешма и други се места кои ќе ви го исполнат слободното време, а ќе го пополнат телефонот со прекрасни фотографии.


Foto: Darko CV

Во селото Вишни ќе начекате мештани со кои можете да муабетите за локалниот живот, но што се однесува за уникатните доживувања кои Кајак.мк ви ги овозможува, мора да истакнеме дека куќарката има огромна градина од каде можете да си скубнете сезонски зеленчук и да подготвите салата.


Домаќинот Ангел вели дека селото има доста гости за време на летната селска слава Атанасовден, како и на Спасовден кога жителите на селото ги пренесуваат моштите на Атанасиј во пештерната црква Св. Спас. Ова е стар обичај каде пренесувањето на моштите го врши девојка.


Foto: Elena Sekulovska

Ангел додава дека гостите имаат можност да го посетат и селото Горна Белица, за кое село сме пишувале доста информации.

Сместувањето кое го нуди Ангел е идеално за група авантуристи кои ги користат викендите за истражување на Македонија. Максималниот капацитет е до 10 лица, а во куќарката има две купатила со тоалет и парно греење кое е на дрва.


Foto: Darko CV

Околината е идеална за планинарење, шетање, посета на пештерската црква, како и уживање во прекрасниот панорамски поглед кон Струга и Охрид.


Сместувањето располага и со Wi-Fi, што значи дека доколку сте помала компанија која работи он-лајн можете слободно да ја „преселите“ вашата канцеларија овде.


Доколку сакате повеќе информации, фотографии и контакт за резервација тогаш кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.

10 евтини градови во Европа за викенд-патување

Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.