25.10.2022
Планинско сместување на 1350 мнв кој мора да го резервирате
Планинско сместување на 1350 мнв кој мора да го резервирате
Тимот на Кајак.мк
продолжува со приклучувањето на нови уникатни сместувања во нашата база кои ќе
ви овозможат едно поинакво искуство за време на слободните викенди.
Пред нас се прекрасни есенски денови, прекрасна листопадна шума која ви создава една златна бајка, а за љубителите на снегот и снежните спортови, треба да нагласиме дека полека но сигурно се приближуваме кон отворањето на ски сезоната.

За оние кои не се
големи љубители на есента и зимата, ние како тим ќе се потрудиме да им дадеме
совети со кои ќе им помогнеме да се засакаат и студентите годишни времиња.
Денеска еден од повеќето совети кои ќе ви го споделиме е посетата и престојот во вилата „Света Вода“ која се наоѓа на 1350 метри надморска височина или во туристичкото место познато како „Калин Камен“.

Вилата е прекрасна во секое годишно време, но есента и зимата имаат свои позивни страни овде. Прекрасниот поглед кон планинските предели, шареколиката шума и високата надморска височина се само дел од причините поради кои треба да резервирате престојување уште денеска.

Доколку пак се прашувате како да го искористите слободното време овде, треба да знаете дека на само 4 километри од сместувањето се наоѓа езерото Калин Камен, а овде се и Станечките водопади кои се честа мета на многу авантуристи.

Сместувањето е идеално за група до 10 гости. Што ви укажува на тоа дека е супер опција за друштвено авантуристичко патување. Во околината нема други објекти, што значи дека објектот е во потполен мир и тишина. Вилата располага со летниковец од 100 квадрати, посебна кујна, опремена фурна, место за печење месо и простор за скара.

Околината на
сместувањето е со букова и боровашума. На 8 километри е Крива Паланка, а на 6
километри се наоѓа манастиро Св. Јоаким Осоговски.
Вилата располга и
со 2 велосипеди кои им се достапни на гостите.
Доколку сакате
повеќе информации, фотографии и контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.