13.12.2022

Ја изгубив работата како професор и прераснав во занаетчија

Ја изгубив работата како професор и прераснав во занаетчија

Во Македонија има многу локални херои кои значат пример за тоа како треба да се однесуваме кон животната средина и како треба да ги користиме рециклираните материјали се со цел да создадеме нешто што ќе биде уникатно, ќе има свое значење и ќе едуцира.

Денеска ќе ве запознаеме со уште една локална хероина, чии изработки се достапни во балакницата на Кајак.мк, а кои можете да ги нарачате со еден клик ОВДЕ.


Велес има многу локални занаетчии, а меѓу нив е Тања. Жената која прави мали нешта од огромно значење за развојот на свеста кај младите и идни генерации.

Тања е професор по философија,  поранешен наставник по етика, а денес занаетчија и уметник. Нејзините креативни изработки се претежно накит од глина, хартија и рециклирани материјали (пластика и списанија). Исто така изработува накит и слики со техника квилинг на хартија.


Идејата за ваквите изработки започнала во време на пандемијата, кога била отпуштена од работа и кога почнала потполно да се заминава со квилингот како хоби. Од квилингот преминала и во други експериментирања со материјали.

Тања вели дека процесот на создавање за неа понекогаш е медитација, а понекогаш предизвик. Бидејќи како што вели таа нештата не секогаш се одвиваат според тоа како што сме ги планирале. Но настрана од сето ова, таа ужива во целиот процес бидејќи ова е нешто кое денеска ја држи во живот.


Таа за Кајак.мк вели дека најголема поддршка добива од нејзиното семејство, од сродните души ракотворци со кои лично не се познава и комуницира само он-лајн, но тие се секогаш присутни за совет и за да и помогнат со материјали за набавка.

Огромна поддршка добива и од луѓето кои ги купуваат нејзините изработки. Таа вели дека нема ништо поубаво од тоа кога ќе виде насмеани лица.


Запрашана за тоа кои изработки најчесто се продаваат, Тања вели дека како најбарани се квилинг сликите со „Бакнежот“ (од Климт), „Малиот Принц“, „Ѕвездена ноќ“ (од Ван Гог), квилинг слики од мачиња и бувови, персонализирани квилинг слики (по идеја и желба на клиент), обетки со Фрида Кало, рециклираниот накит и персонализирани обетки од глина со слика по желба од клиент.


Производите најчесто се по желба на купувачите што значи дека секогаш треба да се има предвид дека за една изработка се потребни три дена. Ние сме среќни што од денеска Тања има своја тезга на Кајак.мк, а се надеваме дека и помогнале да успее да продаде што е можно повеќе изработки.

Не се двоумете дали да нарачате. Со вашата нарачка вие ќе ги направите среќни и занаетчиите и луѓето на кои ќе им подарите уникатен подарок. Нарачките можете да ги направите со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.