30.04.2020

Главниот град на Литванија ќе се претвори во едно отворено кафуле

Главниот град на Литванија ќе се претвори во едно отворено кафуле

Во Вилниус, главниот град на Литванија, владата спроведува паметна мерка со што сака да им помогне на рестораните кои трпат огромни загуби поради коронавирусот. Тие наместо да ги затворат граѓаните дома, решиле целиот јавен простор во градот да го претворат во кафуле- под отворено небо.

ЧИТАЈ ПОДОЦНА: Италија отвара два аеродома како знак на олеснување на мерките

Според извештајот на „Гардијан“, градот сака рестораните и кафулињата што се погодени од пандемијата да се вратат во живот со тоа што им овозможија да постават маси на отворено на одредена дистанца, како би им овозможиле на луѓето повторно да уживаат во благодетите на пролетта.

Литванија има план за постепено „отварање“ на градот, со тоа што им дозволува на продавниците, фризерските салони и рестораните кои имаат опција за седење на отворено да продолжат со работа. Во земјата има околу 1.300 пријавени случаи на коронавирусот.

Сепак, жителите сè уште не смеат слободно да се движат наоколу. Постојат ограничувања за тоа колкав број на лица смее да биде во продавница, масите да бидат распоредени на околу 6 метри и да се носи маска на јавен простор.

Градоначалникот одлучи дека единствениот начин да живне економијата во целост е да им се овозможи на кафулињата и рестораните „оваа година бесплатно да постават маси на отворено“. Градот им нуди ваучери за ресторани на вработените во јавното здравство, како благодарност за нивната услуга.

МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

Turkish Airlines го продолжува прекинот до 28-ми мај

Улиците на Италија повторно мирисат на пица

Кои европски земји и кога ќе го отворат туризмот ова лето?

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.

Ново бајковито место во Македонија каде можете да престојувате!

Ново бајковито место во Македонија каде можете да престојувате!

Охрид од поинаква перспектива: вино и традиционални вкусови

Откријте го Охрид од поинаква перспектива со македонски вина, локални сирења, сувомеснати производи и традиционални вкусови.

Македонија добива уште еден скриен рај! Нови уникатни дрвени куќички кај Кокино!

Македонија добива уште еден скриен рај! Нови уникатни дрвени куќички кај Кокино!