17.08.2022
Во македонското село Опеница се наоѓа винарија која мора задолжително да ја посетите
Во македонското село Опеница се наоѓа винарија која мора задолжително да ја посетите
Сакате викенд-гастро дестинација каде ќе уживате со вашите најблиски, а притоа ќе го искористите
просторот и слободото време за движење во природа?
Село Опеница е нашата нова гастро дестинација која мора задолжително да ја посетите, а причината поради кое го сугерираме ова е новата винарија „Monastery Winery“ или „Манастирска Винарија“ која е отворена за посетители во 2019-та година. Основачи на винаријата се Филип Василески, Стефан Кочоски и Димче Ѓорѓиески.

Базата на Гастрономија на Кајак.мк се збогатува со уште една одлична дестинација, која го добива своето име по манастирот кој е во непосредна близина на винаријата Манастир „Св. Кузман и Дамјан“.
Ова е мала винарија, ги воодушевува гостите кои ја посетуваат. Има скромна и многу добра приказна. За оние кои не биле низ виногорјето на Опеница природата дополнително ги воодушевува. Опколени со многу шума низ која има патеки за планинарење и кампување, прекрасен амбиент и одличен ентериер со разни буриња.

Нашиот тим разговараше со домаќините на винаријата кои за Кајак.мк велат дека ја одбрале локацијата поради изобилството на специфична енергија, мирот и убавината.

Семејството кое стои позади винаријата се заминава со винарство со години наназад и денеска е гордо што вековната традиција може да ја претстават пред гостите. Вековното искуство и работата на лозовите насади сега го точат во повеќе сорти. Во моментов располагаат со насади како Вранец, Семијон, Хамбург, Кабернет, Мерлот, Темјаника и други.
Дел од грозјето со кое произведуваат вино е од тиквешиот регион, а дел е од охридско- струшкиот регион. Од белите вина како локално вино го имаат „Семијон“ кој е растен на надморска височина, зреен во барик француски буриња и за многу од гостите е навистина прекрасен.
Покрај виното, тие произведуваат и ракија, бела и жолта, а се прави и ликер од аронија, за кој пијалок велат дека е популарен кај женската популација. За сите пијалоци има и соодветна храна која ја парираат за време на дегустациите. Овде се различни млечни и месни даски.
Винаријата може да се пофали со годишно производство на околу 10.000 шишиња вино.

Сите сорти вино се произведуваат на едноставен начин со минимална употреба на современи средства. Овде може да најдете 10 различни сорти на вино, чие производство е на традиционален начин наследен од предците.

Винаријата
располага со прекрасен отворен дел кој има капацитет за 80 гости. Овде може
да се дегустира вино преку целиот ден и да се ужива во прекрасната природа.
Освен отворениот дел, винаријата располага и со затворен простор кој има
капацитет за 20 гости.
Доколку сакате да погледнете повеќе фотографии и контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.
Коментари
-
Vasil Stamenkov
22.03.2024 09:07
Dali mozhe da se dobie vinoto "Semijon" vo Skopje i kolku koshta? Pozdrav Stamenkov Vasil
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!