16.08.2022
Отворивме хотел за домашни миленици: Најскапоцените гости кои знаат како да уживаат
Отворивме хотел за домашни миленици: Најскапоцените гости кои знаат како да уживаат
Секогаш постои
опција „Б“ ако нема кој да се грижи за вашиот миленик во деновите кога треба да
отпатувате некаде, а не сте во можност да го понесете миленикот со вас.
Во базата на Кајак.мк имаме сместувања за домашни миленици. Дел од вас сигурно сте веќе запознаени со начинот на кој функционираат „хотелите за домашни миленици“, а за останатите кои за првпат читате нешто вакво, со сигурност би ви било интересно четивото. Новите домаќини кои од денеска се дел од нашиот свет го носат името „М&M“ и за Кајак.мк велат дека во нивниот хотел се добредојдени сите миленици.

Ние разговаравме со Мартина, која вели се наоѓаат во Сопиште, на 500 метри надморска височина. Во нивниот објект често може да се забележат зајчиња, птици, мачиња и кутриња. Сите видови се одвоени едни од други за да не настанe конфликт помеѓу „гостите“, но тие им посветуваат доволно внимание на сите гости се со цел да им угодат на потребите. Мартина вели дека имале и агресивни кучиња, питоми, со социјална анксиозност, несоцијализирани и тоа за нив е најголемиот предизвик.

Бидејќи станува
збор за отворен концепт бројот и капацитетот е секогаш различен. Односно зависи од групата на
животни. На пример, кога има
кутре со одредена здравствена состојба кое бара поголема грижа или пак кутрето е агресивно тогаш
капацитетот се намалува бидејќи грижата за тоа животно е пообемна.
За сопствениците кои имаат желби нивните миленичиња да стекнат со нови навики, Мартина вели дека честопати се консултираат и со дресери, а овде се и ветеринарите.

Во секој хотел гостите имаат храна, па така и во хотелот „М&M“. Храната за гостите овде е домашно приготвена и се нуди како здрава закуска, која изобилува со витамини и протеини. За гостите алергични на одредени состојки се подготвува специјална храна за време на нивниот престој. Со еден збор, целта е да се чувствуваат како дома.

Заедно со Мартина, во приказната е и Миле, а како асистенти се јавуваат 2 папагали и 4 кучиња. Мартина вели дека таа и Миле се одговорни за гушкањето, галењето и грижата, додадека папагалите се одговорни за музиката и атмосферата, а кучињата за игрите и бркотниците.

Мартина и Миле се големи љубители на животните и активисти за правата на животните. Според нив оваа е главната причината поради која имаат толку многу свои животни. Моментот кога одлучиле да појдат сите заедно на планинарење, сфатиле колку е комплексен целиот процес за луѓето, но и за животните, а тоа ги поттикнало да размислуваат за отворање на ваков хотел.

Нивното искуство и
активизмот што го шират низ годините наназад им го олеснил патот кој градење база со клиенти. На почетокот, Мартина вели дека започнале со едно до две животинки
на пријатели или познаници и не очекувале дека ваквата тенденција ќе препрасне
во нивна постојана и единствена работа.
Доколку сакате да
стапите во контакт со домаќините на „М&M“, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!
Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!
Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија
Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија
Кајак.мк со ново сместување на планина Обозна- 1000мнв!
И тогаш кога ќе помислите дека сè сте виделе и посетиле во Македонија, Кајак.мк ве води на ново место и нова локација!
Од долгогодишна идеја до ресторан во срцето на Берово: приказната за „Антико“
Во срцето на Берово, „Антико“ ве пречекува со домашни вкусови, пријатна атмосфера и топло гостопримство — место каде што убавите моменти се споделуваат околу трпезата.
741 илјада туристи за седум месеци: Македонија може многу повеќе
Македонија има што да понуди, но туристичкиот потенцијал сè уште е поголем од бројките Во првите седум месеци од 2026 година Македонија регистрирала 741.446 туристички доаѓања. Растот е мал, а следниот чекор е подолг престој и повеќе причини за патување низ земјата.
Доаѓа викенд: кои диви животни може да ги сретнете на планина во Македонија?
Планирате планинарење? Дознајте кои диви животни живеат во македонските планини и како да постапите ако забележите мечка, дивокоза, волк или змија.