05.09.2022
Ве запознаваме со луѓето на „Старата скопска чаршија“ кои го оддржуваат пулсот на туризмот
Ве запознаваме со луѓето на „Старата скопска чаршија“ кои го оддржуваат пулсот на туризмот
Тимот на Кајак.мк е среќен што за првпат во своето работење имаше прилика да се дружи со група љубопитни авантуристи кои допатуваа од САД се со цел да уживаат во македонските традиции и да го искусат Скопје на еден поинаков начин.

Ваквите групи нам нè мотивираат да продолжиме со истражувањето и откривањето нови локални занаетчии, готвачи и мештани кои ги кројат приказните на старите сокаци.

За оние кои досега намале прилика да ја истражуваат „Старата Скопска Чаршија“ би
сакале да им споделиме
неколку предлог ќошиња кои мора да се
посетат и да се слушнат приказните на луѓето
кои целиот живот го посветиле на
своето хоби.
Ние би започнале со приказната на чичко Бурхан. Во непосредна близина на „Безистенот“ секое утро мириса вкусот на турското кафе кое го подготвува Бурхан. Нашата прва попатна дестинација беше токму неговото кафуле, каде преку уникатен начин на подготовка на кафето, ќе можете да се запознаете со турските обичаи.

Господинот Бурган секое утро мели свежо кафе, што гарантира свежина и добар вкус. Воедно, секој гостин е изненаден од начинот на кој се подготвува кафето. Станува збор за подоготовка на кафе на стар туриски начин, каде ѓезвињата се вкопуваат во врел песок и оставаат се додека кафето не зоврие. Покрај кафето, овде ќе најдете свежа лимонада со нане, турски чај и колачи.

Како втор предлог за посета на уникатно скривалиште во чаршијата ви ја препорачуваме интернационалната пивница „Ан“, која се наоѓа во Капан Ан. За нас еден од најубавите објекти во Скопје. Во анот ќе имате прилика да се запознаете со приказната за настанокот и професионалноста на луѓето кои работат со оваа место. Нивната храна е превкусна, а не заборавајте да си нарачате лепче со песто.

Не смееме да го изоставиме дуќанот на Александра. Девојката чија
продвница за филиграни денеска ја краси чаршијата. За Александра сме пишувале
во еден наврат, а нејзината приказна можете да ја прочитате ОВДЕ.
Се надеваме дека овие три уникатни ќошиња кои денеска ги
споделуваме со вас ќе ве поттикнат да прошетате низ чаршијата.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!