17.02.2021
Никогаш не ни помислив дека ќе имам работилница во Скопската Чаршија
Никогаш не ни помислив дека ќе имам работилница во Скопската Чаршија
Дека успешни приказни се раѓаат и во време на пандемија говори приказната
на Александра, која неодамна се одлучува да отвори свој дуќан во Старата
Скопска Чаршија во кој ќе изработува и продава филигрански накит.
Нашиот тим ја запознава Александра, голем љубител на она што го нуди
бесконечната историја на чаршијата, тесните улички, продавници и начинот на
којшто живее чаршијата.

Александра како млада студентка се решава да отпочне со обука за
филигранство. Таа вели дека овој занает отсекогаш и претставувал техника која
ја фасцинирала.
Во нејзиното мало дуќанче/работилница, се наоѓа една мала работна маса со
многу ситни алатки од кои се раѓа едно парче накит. Отварањето на работилницата
било во декември 2020-та година, што можеме да кажеме дека е приказна која почнала добро да се развива во време на пандемија. 
Занаетот го учи од обуки, но вели дека за доосовршување на техниката,
главен придонес има еден мајстор-златар, чија работилница исто така се наоѓа во
чаршијата. Според неа пренесувањето на знаењето и занаетот од повозрасните на
помладите во Старата Скопска Чаршија е битен момент во задржувањето на
традицијата.
Желбата за филигранство постоела уште многу одамна. Александра вели дека
била воодушевена уште од мала додека шетала по учиците на чаршијата, но не се
надевала дека приказната на MORPHO ќе се развива токму тука. 
За неа убавината на чаршијата е во тесните дуќанчиња, малите работилници,
антикварници што се нижат низ расплетените улички и зафаќаат површина од 6м2,
8м2, 10м2, наспроти трендот кој го диктира денешницата за да купуваме
брендирани производи од огромни продавници во затворени трговски центри.

Работата ја опишува како доста креативна, на која треба да и се посвети време.
Го сака моментот на играта помеѓу огнот и сребрените жици. Таа како студент по
архитектура вели дека, изработката на накит, обликувањето на дизајнот и
осмислувањето како сите парчиња дасе поврзат во целина за неа е архитектура во
мало.
Изработува филиграни заради нивната автентичност, неповторливост, заради
нивната деликатност, способност да не поврзат со долговековниот историјат и
традиција која ја негуваат нашите постари, поради чувството на идентитет кое се
побудува кај народот.

Во текот на нејзиното работење, Александра вели дека сака да го разбие стереотипот
дека филиграните се накит за повозрасни жени, а на ова ќе му пркоси со
изработка на дизајни во современ јазик, дизајни поблиски до младите.
Таа додава дека поддршка има од сите страни. Младите ги препорзнаваат
нејзините дизајни, а нејзината приказна поттикнува многу млади девојки да носат
уникатни филигрански парчиња, па и самите да учествуваат во дизајнирањето на
своето парче. 
Честопати среброто го надополнува со други метали како месинг, бакар, злати
и полуграги камења кои му даваат сосема нова димензија на филигранот.
Старата Скопска Чаршија е светски позната со многубројни мајстори кои
својот живот го имаат посветено во малите работилници. Странските туристи ја
ставаат чаршијата на прво место при посета на Скопје, бидејќи како што знае да
се каже, ова е срцето на градот.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Зошто Луксузните Возови Повторно Се Популарни во 2026 | Трендови во Патувањето
Дознајте зошто луксузните возови повторно стануваат еден од најпопуларните начини на патување во 2026 година. Уживајте во бавно патување, природа и врвен комфор.
Литературен туризам: Патувања инспирирани од книги
Откријте што претставува литературниот туризам и најдобрите дестинации инспирирани од книги и познати писатели. Патувајте низ културата, историјата и приказните што ги сакате.
Нови ЕУ правила за патување во 2026: Што треба да знаете пред патување во Европа
Новите ЕУ правила за патување во 2026 носат дигитални гранични проверки и електронско одобрување за патниците. Дознајте што значат EES и ETIAS и како да се подготвите за патување во Европа.
Браќа Македонци го хранат Сиднеј со најдобриот македонски бурек!
The Burek Brothers со позитивна приказна во Австралија преку која ја промовираат Македонија.
Пролетен предлог за викенд ручек од Кајак.мк во Ловен Дом Берово
Новина во понудата е и стрелање со лак и стрела, како и со воздушни пушки!
Откажан или одложен лет? Права на патници и како до компензација во 2026
Дознај кои се твоите права при откажан или одложен лет, кога следува компензација и како да побараш рефундација според европските правила во 2026 година.