24.06.2024
Oрганизираме вински летни дегустации ширум Македонија
Oрганизираме вински летни дегустации ширум Македонија
Во Македонија има многу локални семејни винарии кои произведуваат квалитетно вино и вложуваат сѐ од себе за да создадат квалитетна винска приказна преку која ќе се промовира нашата земја насекаде во светот.

Кајак.мк има мисија преку која сѐ до последниот миг од постоењето ќе направи напори да ја даде сета поддршка на малите семејни винарии кои ја вложуваат сета љубов во производството на квалитетно локално вино. Од ваквите причини, ние отпочнавме со организирање на вински летни дегустации низ разни дворчиња на семејните винарии во Македонија.

Топлите летни ноќи, ѕвезденото небо, добрата локална храна и доброто друштво се причината поради која овие друштвени седенки во приватна атмосфера ни зачестија во изминатиот период.
Фотографиите кои ви ги споделуваме во самото четиво се од
нашиот поседен организиран настан во дворчето на прекрасната семејна винарија
Јостела, каде вработените од компанијата Сингулар имаа можност да уживаат во
една поразлична винска дегустација парирана со вкусна локална храна.
Како платформа која настојува настаните да имаат свој уникатен
карактер, среќни сме што компанијата Сингулар ни ја даде можноста да ѝ организираме
еден ваков настан, кој имаше дирекна поддршка на винаријата. Ваквите приватни вински вечери може да започнат во 19:00 или
20:00 часот, каде наше е да ви го организираме просторот, а ваше е да го
организирате вашето друштво, пријатели или колеги.
Доколку сакате едно вакво поинакво искуство, испратете ни
барање со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.
Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?
Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?