11.05.2024
Предлог викенд дестинација: Ресторан Луле на Тиквешко езеро
Предлог викенд дестинација: Ресторан Луле на Тиквешко езеро
Тимот на Кајак.мк
цели кон заокружување на вкупно 200 уникатни гастро дестинации во Македонија,
кои ви гарантираат вкусни залаци и секако простор за активности во природа.
Нашата цел е да ви креираме бесплатни еднодневни викенд тури кои можете да ги реализирате во сопствена режија со вашето семејство, блиски пријатели и роднини.

Денеска го
додаваме 195-тото уникатно
гастро ќоше кое е сместено на Тиквешко Езеро.
Ресторанот е рај за љубителите на специјалитети од риба, но не се исклучува и скарата која се служи овде. Ресторанот Луле се наоѓа во близина на селцето Ресава, а самиот предел е доста добар за пешачење во природа.

Во селцето можете
да ја посетите црквата на Св. Архангел Михаил, да прошетате низ природата и по
крајбрежјето на тиквешкото езеро, а денот да го заокружите во ресторанот.
Ние секогаш го
потенцираме следното: Треба
да бидеме гости кои ќе се научат да резервираат пред да посетат, затоа доколку
сакате да стапите во контакт со ресторанот, контакт и точна локација можете да
најдете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!