05.07.2021
Моите деца на 4 и 7 годишна возраст ја искачија Солунска Глава
Моите деца на 4 и 7 годишна возраст ја искачија Солунска Глава
Кога имаме топли
денови во годината, најдобро е да раскажеме приказни за луѓе кои искачуваат планини,
со што на тој начин ќе може да ја почувствуваме свежината на планината преку
текстовите кои ги пишуваме.
Денеска ќе ве
запознаеме со Тодорче Ѓоргиев, претседател на Клуб за планински спортови „Азот“
и врвен планинарски водич.
Тодорче раскажува дека уште на свои 12 години заедно со уште еден другар се одлучиле да ја испитат популарсноста на домот „Чеплес“, областа Азот и секако Солунската глава.

Посетата на домот
му е и прво искачување на планина, каде воодушевен од патот, луѓето, планината,
природата и адреналинот кој го почувствувал одлучил веќе наредното планинарење
да го спроведе веќе наредниот ден со искачување на Солунската глава.
Од тој ден, Тодорче се заљубува во планината, запознава други луѓе, пријатели и секако ги учи планините во Македонија. За нас вели дека раните планинарски денови ги започнува како млад необучен и секако без доволна опрема. Со тек на време, тој и неговото друштво запознаваат други планинари, ја прошируваат својата мрежа на комуникација и градат сигурен тим.

Тодорче се сеќава
дека за првпат надвор од Македонија излегува во 1997-та година кога воедно го
искачува и највисокиот врв на Балканот „Мусла“ кој е на 2925 метри надморска
височина. Мусла го воодушевила од патеките, природата, а организараноста на
клубовите и планинарите ми дале доволна мотивација да продолжи со искачување на
останатите врвови на соседните земји.
Веќе навикнат од прошетките низ планините, другите градови и држави, запознавањето на разни култури и обичаи, планинарењето и патувањето него му прераснуваат во стил на живеење.

Со самиот факт дека останал во Македонија 45 години ова земја за него му преставува љубов и патриотизам. Преку 30 години шета по македонските планини, а во ниту еден момент не му било ни најмалку досадно. За него македонските планини му значат мир, слобода, тишина и убавина која сите треба да ја чувствуваат. Самото одење на планина, глетките низ зеленилото, изгрејсонцата над облаците на висина од 2500 метри надморска височина, спектакуларни зајдисонца, жубурот на потоците и реките, пеењето на птиците и ред други работи кои го ослободуваат од стресот и проблемите.

Постапките на Тодорче ги следи неговата ќерка Нена која во 2014-та година на седум годишна возраст ја искачила Солунска Глава на 2540 метри и која била најмладата песпективна планинарка прогласена од Федерацијата на Планинарски спортови на Македонија.
Покрај неговата ќерка, овде е и неговиот син Матео кој на 4 години или во 2016-та година ја искачува Солунската глава и Вихрен, а веќе во 2019-та година го искачува највисокиот врв на Балканот и постанува најмладиот и надежен планинар при Федерацијата на Планинарски спортови на Македонија.

Тодорче патува насекаде, но во Македонија има планини кои ќе му останат омилени. За него погледот кон Солунската Глава од месноста Долна Бабина Дупка е спектакуларен и го остава на прво место.

Не ги изоставува ниту Шар Планина и нејзините врвови и езера, пределот Долна Лешница, Маврово, Бистра, Дешан со Крчин и Велиар, па Стогово и Јабланица.

За Тодорче имаме
уште една приказна која ќе ви ја раскажеме во иднина, а пред да ја заокружиме
денешната би сакале само да додадеме дека тој ги советува сите млади и надежни
планинари да продолжат со надоградба на нивните планинарски знаење и вештини
кои со тек на време ќе им создадат навики за да го поминуваат слободното време
во природа. За него планинарството е форма на активен одмор и рекреација преку
кој се гради и дорма на здрав, силен и благодарен член на заедницата.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.
Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?
Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?
Од долгогодишна идеја до ресторан во срцето на Берово: приказната за „Антико“
Во срцето на Берово, „Антико“ ве пречекува со домашни вкусови, пријатна атмосфера и топло гостопримство — место каде што убавите моменти се споделуваат околу трпезата.
Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!
Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!
Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија
Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија