10.03.2021
Во Мариово се наоѓа една од најдобрите етно куќи која може да ја резервирате
Во Мариово се наоѓа една од најдобрите етно куќи која може да ја резервирате
Започнавме со препораки за пролетни патувања. За помалку од еден месец повеќето од вас ќе барате места каде би сакале да прошетате и тоа да биде во природа и на топло сонце. За да го оправдиме фактот дека „на Кајак.мк“ има се што ви треба, додадовме уште една етно-куќа која се наоѓа во Мариово.

Етно куќата „Благибог“ која се наоѓа во селото Дуње, Мариовско. Сопствениците на објектот велат дека ова е идеална прилика да се почуствува традиционалниот живот на регионот. Чистиот воздух и прекрасната локација се предлостите на Мариово.
Ова етно куќа има своја градина и огромен балкон на кој може да појадувате. Исто така има заедничка кујна, а куќата поседува и скара за користење. Собите имаат заедничка бања.
За оние коишто се заинтересирани, еве збор два повеќе за Дуње.

Ова село се наоѓа во северниот дел од областа Мариово, од левата страна на Црна Река во пределот познат како Мало Мариово. Поточно, Дуње е сместено во прилепскиот дел на Мариово на еден прилично простран зарамнет дел од висорамнина која како благо се издигнува како последниот отсек и подножје на Дрен Планина, од десната страна на малите поврзани потоци Дуњска и Лисичка Река. Дуње е ридско село расположено на надморска височина од 690 метри. Од градот Прилеп селото Дуње е одалечено 29 километри, и е поврзaно директно со асфалтен пат кој се исклучува од левата страна на главниот регионален пат од Прилеп за Витолиште.
| Доколку сакате да прочитате повеќе информации за вилата, кликнете ОВДЕ. |
Коментари
-
Борис Попев Popev
12.03.2022 06:26
Телефон за контакт
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!