19.04.2021
Вила во природа и на само 10 минути од Смоларскиот водопад
Вила во природа и на само 10 минути од Смоларскиот водопад
Во југоисточна Македонија во близина на село Смолари се наоѓа едно од нашите омилени природни богатства кое
мора да го посетите во текот на ова лето. Сигурно веќе сте слушнале за
Смоларскиот водопад кој се наоѓаат на 600 метри надморска височина? За они кои се уште немаат слушнато или не го посетиле тимот на Кајак.мк ви го препорачува како одлична дестинација во текот на цела година.

Водопадот е сместен
на северните падини на планината Беласица. Ова е единствениот постојан водопад во Македонија со пад на водата од
скоро 40 метри. Исто
така, во околината се ноѓаат
и други водопади како: колешинските,
габровските водопади и мокринските извори кои се одлични за посета.

За да ве убедиме да го посетите
овој крај, во нашата база на сместувања додаваме уште една одлична вила за престој која е на само 10 минути пешачење
од смоларските водопади. Таа е идеална
за луѓето кои бараат престој во природа.

Станува збор за вила ресторан Водопад.
За сите кои барате престој во природа, чист водзух,
домашна храна, специфични специјалитети
ова е вила е одчична прилика за да побегнете од градскиот метеж.

Вилата има прекрасна планинска местоположба.
Локацијата каде што се наоѓа вилата е воздушна бања. Доколку сакате да престојувате овде, повеќе информации ќе најдете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.
Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?
Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?