16.10.2020
Побегнете на Маврово во вила „Форест“ опколена со шума
Побегнете на Маврово во вила „Форест“ опколена со шума
Октомври, ноември и декември се месеци кога можеби треба да размислиме на тоа што сме го правеле во текот на цела година (Годинава реално гледано ништо не направивме, но пак ни треба пресек). 
Со сигурност ќе се согласите со нас дека на секој му е потребно барем еден викенд да седне сам и да ужива во спокојот со своите најблиски, но меѓутоа наместо да ја слуша вревата од автомобилите и луѓето, сака да ја слуше вревата која ја предизвикува природата. 
Тимот на Кајак.мк има добар предлог за за сите кои се љубители на тишината и преферираат медитирање.
Ве запознаваме со „Вила Форест“ која се наоѓа на Маврово. Срамежлива вила отцепена од јавноста и окото на мас туризмот, која нуди можност за интимен одмор.
Вилата има поглед кон езерото и кон шумата. Прекрасна тераса на која може да го апсорбирате сонцето на вашето лице, балкон со неверојатен поглед, двор со тревник и сопствена шума каде можете да уживате во тишината со секој здив на свеж планински воздух.
Што би правеле на Маврово во месец октомври и ноември? Зошто не започнете со планинарење, пешачење, искачување и освојување на врвови и возење велосипед? 
Веќе во ноември можеби ќе започнеме и со скијање и други активности на снег. Додека пак сте “дома“ во вилата, можете да практикувате јога.
Контакт за резервација и за организација на: 071 232 103
ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ: Куќа како од македонските народни приказни достапна за изнајмување во Мариово |
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.
Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?
Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?