28.09.2020
Вила и вино во подзаборавеното село Рамне: Феноменален есенски поглед
Вила и вино во подзаборавеното село Рамне: Феноменален есенски поглед
Дали сте слушнале за село Рамне. Едно од подзаборавените мирни и тивки села над Охрид. Кајак.мк во текот на ова седмица ќе објавува предлог места за патување кои се соодветни да уживате во боите и вкусовите на есента.
Во село Рамне се наоѓа уникатна вила која можете приватно да ја резервирате. Вилата „City view apartmen“ е идеална за луѓе кои бараат мир и тишина, а особено за оние кои медитацијата, езерскиот шмек, јогата и квалитетното вино им се во преден план за време на патувањата.
До село Рамне има асфалтиран пат, а кој пат често се користи за пешачење или велосипедизам. Она што е доста битно да напоменеме е дека селото Рамне е поврзан и со земјин пат до Велестово кое село исто така има прекрасен поглед кон Охрид, а која може да биде ваша дневна маршута за исполнување на денот. 
Вилата има две соби со тоалет, огромен двор со прекрасен поглед кон градот, во дворот има веранда каде можете да дегустирате квалитетни домашни вина кои сопствениците ви ги снабдуваат со претходен договор. За резервации на овој сместувачки капацитет јавете се на: 077854758.
Во околината на селото се наоѓа хидроцентрала која е меѓу првите изградени во Македонија а каде има многу живописна природа и извори на вода. 
Што се можете да посетите во околината на сместувањето:
Археолошки наоѓалишта
Кумбаревци — средновековна црква и некропола;
Макла — средновековна некропола;
Манастири — средновековна црква и некропола;
Рамненски Лозја — населба и некропола од римско време;
Св. Атанасија — средновековна црква;
Св. Варвара — средновековна црква и некропола;
Св. Врачи — средновековна црква и некропола;
Св. Илија — средновековна црква; и
Туше Варница — средновековна населба.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.