29.06.2024

Дали сте ја посетиле винаријата Queen Marija во Демир Капија?

Дали сте ја посетиле винаријата Queen Marija во Демир Капија?

Доколку сте љубители на активниот туризам, прошетките во природа и низ винови лоза, доколку сакате да појдете до клисурата, околните селца и долината на кактусите и денот да ви заврши со убав ручек или вечера, тогаш дефинитивно треба да ја посетите Демир Капија.


Тимот на Кајак.мк постојано вели дека Демир Капија е дестинација на која треба да уживате барем еден ден во годината. Овде ќе најдете многу ресторани во кои можете да уживате со вкусни локални специјалитети. Во Демир Капија се наоѓа винаријата Queen Marija, каде самата приказна за нејзините почетоци, судбината, подемот и моменталниот развој ќе ве освојат и поттикнат да се вратите повторно.


Винаријата има свои сместувачки капацитетити за оние кои сакаат да останат на подолг период. Во самото дворче има високи дрвја кои обезбедуваат сенка во зеленото дворче, а околината ви гарантира уживање во текот на цела година.


Храната е одлично парирана со виното кое го произведува и служи винаријата. Овде ќе најдете бели, розе и црвени вина, од кои дел е квалитетно барикно вино. Винаријата е лесно достапна, се наоѓа во непосредна близина на автопатото Скопје-Гевгелија, со исклучување на Демир Капија.

Доколку сакате повеќе информаации како телефонски број за резервација и точна локација, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.

10 евтини градови во Европа за викенд-патување

Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.