27.04.2021

Ја продолжуваме семејната традиција за подготовка на добро кафе

Ја продолжуваме семејната традиција за подготовка на добро кафе

Нешто кое постојано ќе настојуваме да ce практикува е негувањето и продолжувањето на традициите во Македонија. Ова нам ни ја чува и негува традицијата, а од друга страна пак, ни носи поголем број странски туристи. 


Среќни сме што во Македонија има доста домаќини кои се' уште го практикуваат тоа кое го наследиле од своето семејство. Без разлика дали домаќините се окупирани со работни обврски или пак водат сериозен менаџмент, сите тие може да одвојат дел од денот за да уживаат во малите нешта кои ги прават среќни нив и нивните гости.  


Денеска ве запознаваме со браќата домаќини на охридскиот хотел „Су“ кој е дел од базата на Кајак.мк, а во кој може да резервирате сместување со еден клик ОВДЕ.  


Ерхан Су и Ерол су се браќа кои ја негуваат семејната традиција на обработка на домашно кафе. Ерхан е фокусиран на преработката и сервирањето на кафето, додека Ерол има мисија да ги подготвува најдобрите домашни бургери. Двајцата велат дека урбаниот амбиент во ресторанот лоциран на покривот на хотелот е во одлична комбинација со мирисот на кафето и вкусот на бургерите.


Ресторанот на хотелот „Су“ се наоѓа на покривот. Јаготката на шлагот е феноменалниот поглед кон езерото, стариот град и планинските масиви, кој според браќата е нешто важно секој гостин.


Местоположбата на хотелот „Су“ е  идеална за активен туризам. Утрата во хотелот може да ви започнат со џогирање по кејот на охридското езеро и добро кафе во ресторанот. 


Наша препорака е да се фокусирате на активен туризам. Нашиот тим ве советува да појдете на кајакарење по дивите плажи на езерото. Идеално место за кајакарење е Трпејца. Во регионот на Трпејца ќе наидете на многу добри предели каде ќе може да уживате во тишината и спокојот. Исто така, ви препорачуваме да пробате и СУП даска која е доста атрактивна од минатата сезона. 


Во текот на ова лето ќе може да уживате и во нуркањето. Во Охрид се нудат тури со нуркање во подводното археолошко наоѓалиште кај „Заливот на Коските“. Истражувањата покажаа дека на дното на ова населба има фрагментирани керамчки садови и фрагментирани животински коски. Инфо за хотелот ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.

10 евтини градови во Европа за викенд-патување

Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.