16.04.2021

Ги промовирам пештерите во Македонија за развој на активниот туризам

Ги промовирам пештерите во Македонија за развој на активниот туризам

Ако започнеме да го пишуваме списокот со имиња заслужни за развојот на туризмот во Македонија, на тој список дефинитивно ќе се најде Дарко Неданоски, член на СК Златоврв.

Дарко ја истражува и промовира Македонија од еден поразличен агол, за кој агол вели дека многу повеќе се заинтересирани странските туристи отколку самите ние. Тој е спелеолог или поедноставно кажано човек кој се занимава со проучување на пештери или други природни подземни простории.


Позади себе има еден куп успеси. На само 18 години се стекнува со титулата спасител од учеството на низа обуки во Бугарија.

Има нанижено повеќе рекорди, почнувајќи од екседицијата во Словенија и Хрватска каде заедно со Марио Андоноски достигнуваат 534 метри во Пропаста Брезно на Лешките планини, па се до најголемиот рекорд за македонски спелеолог со 950 метри под земјата и четири дена без дневна светлина во Словачка јама.

Дарко вели дека Македонија иако е мала на површина, има многу што да покаже. Интересот кај странските туристи е доста поголем во споредба со домашните. Неговиот клуб добива повици од луѓе од целиот свет, како за посета и туристичко уживање, така и за посебни научни истражувања и експедиции.


Поради тоа што тие во моментот работат на кампања за промоција на македонските пештери во најдобро светло, нашиот тим го става Дарко и сите во клубот на листата на херои кои прават мали нешта од огромно значење за развојот на туризмот во Македонија.


Тргнувајќи од фактот дека пештерите се недопрена природа и дека на многумина им се вистинско задоволство да ги посетат, може да заклучиме дека во Македонија има огромен туристички потенцијал, вели Дарко. Македонија има многу пештери кои навистина ви го одземаат здивот и се дозволени за посета и развој на туризмот. Други пак, се од огромно значење за науката и треба максимално да ги заштитиме.


(ФОТОГРАФИЈА НАПРАВЕНА ПОСЛЕ 4 ДЕНА БЕЗ ДНЕВНА СВЕТЛИНА)

Во моментот промоцијата ја спроведуваат користејќи ја моќта на социјалните мрежи, а комуницираат и со Спелеолошката Федерација на Македонија, каде се поврзуваат со клубови од целиот Балкан за европски соработки. Најдобра промоција постигнале преку Отворените Денови на Спелеологијата, каде доаѓаат голем број посетители.


Оваа година СК Златоврв ќе ја организира првата прилепска спелеолошка експедиција, именувана како Спелеолошка експедиција „Солунска 2021“. Преку ова експедиција ќе се обидат да откријат нови пештерски канали и потенцијално нова, поголема длабочина од досега објавената длабочина од 370 m.

Солунска Глава 5 има големи наслаги на постојан мраз (најголеми од ваков тип во Југоисточна Европа) и претставуваат еден вид подземен ледник/глечер во Македонија, кои како дел од експедицијата, за прв пат ќе бидат детално мапирани, а ќе бидат земени и примероци за понатамошни подетални научни истражувања.


Овие ледени маси се од особено значење, особено како архива на климатските прилики на овој простор. Со оглед на тоа дека во изминатата декада е забележано топење на ледените маси во пештерите низ Европа, од особено значење е да се направи детално истражување на овие наслаги во Солунска Глава 5 пред тие целосно да се стопат. Организирањето на првата прилепска спелеолошка експедиција ќе има огромно значење за развојот на спелеологија и промоцијата на пештерите во Македонија.


Тимот на Дарко сам по себе е посебна приказна и доживување. Тие организираат авантури кои никогаш нема да ги заборавите. Покрај пештерите, практикуваат и многу други активности на отворено кои Кајак честопати ги потенцира како приоритетни за активниот туризам.

Како што и Дарко потенцираше на почетокот на текстот, Македонија нуди огромен број места за да се посетат, меѓу другото и голем број пештери. Најважно од се е сите да ја чуваме природата.

За нивните активности можете да дознаете многу повеќе на:
Инстаграм: @skzlatovrv
Фејсбук: https://www.facebook.com/skzlatovrv/
Интернет страница: www.zlatovrv.speleo.mk

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.

10 евтини градови во Европа за викенд-патување

Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.

Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?

Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?