06.01.2021

Топол апартман за бегство со вашето семејство

Топол апартман за бегство со вашето семејство

Еј родители! До тимот на Кајак.мк пристигаа голем број барања за тоа каде би можеле да ги одведете своите деца, а да не биде само планина.

Нашиот еко тим ве запознава со апартманот Брагорски, кој се наоѓа во еден од најтивките и најзелени градови во Македонија. Каде ако не во Македонски брод. 

Искористете го зимскиот одмор на вашите деца и овозможете им физичка активност во природа. Во Македонски брод можете да посетите доста локации и да организирате едукативни тури за вашите деца преку кои ќе може да научат нешто повеќе.

Македонски Брод е дефинитивно градче кое е опколено со природа, а предноста кај ова сместување е тоа што се наоѓа во непосредна близина на пештерата Пешна која е прогласена за споменик на културата.

Станот е оддалечен десетина минути со пешачење од центарот на градот. Во близина има супермаркети. Исто така, терени за мал фудбал, кошаркарско игралиште, тениско игралиште и игралиште за одбојка. Тениското игралиште е достапно само со претходна резервација. Апартманот е на само пет минути пешачење до Градскиот фудбалски стадион што претставува совршено место за џогирање.

Ова сместување е идеално за тие кои сакаат да ја посетат пештерата Пешна која се наоѓа од десната долинска страна на реката Треска. Ова пештера е со димензии 16,8 * 52,4 метри, според спереолозите, ова е најголемиот пештерски влезен отвор на Балканот. Таванскиот дел на отворот има висина од 40 метри, а самата пештера околу 50 метри. Должината на пештерата е 124 метри. Во пештерата се гнездат ластовици, а во неа живеат и лилјаци.


Пешна во "Нујорк Тајмс" е опишана како идентична на измислените пештери во "Господарот на прстените" од Толкин. Неколку стотини метри од пештерата тече реката Треска, нудејќи идеално место за рибарење и пикник. Локалитетот на пештерата е пристапен за сите посетители, со пријатен амбиент за рекреативен туризам.

Доколку сакате да погледнете повеќе фотографии од апартманот, дознаете повеќе информации како и контакт, кликнете ОВДЕ.


Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!