Апартман Брагорски: Македонски Брод

Makedonski Brod
Цена од:

1,880.00 ден

Овој апартман кој можете приватно да го резервирате е на 120 квадратни метри на приземјето со поглед кон планините.


Макс. Капацитет : 5
Кревети : 5
Check In : 14:00
Check Out : 11:00
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух

Вклучено во цена:

  • Цена за наем на апартман
  • Цената е генерирана и варира
  • Wi-Fi
  • Паркинг
  • ТВ
  • Греење/Ладење

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Македонски Брод е дефинитивно градче кое е опколено со природа, а предноста кај ова сместување е тоа што се наоѓа во непосредна близина на пештерата Пешна која е прогласена за споменик на културата. Но за пештерата ќе ви кажеме подоле.

Овој апартман кој можете приватно да го резервирате е на 120 квадратни метри на приземјето со поглед кон планините. Она што е уникатно е тоа што има градина, а градината е на само стотина метри од реката Треска. 

Станот има две големи спални соби, пространа дневна/ трпезарија со балкон и комплетно опремена кујна. Има голем ходник и бања. Двете спални соби се со тераси.

Едната спална соба е со брачен (квин) кревет, додека другата е со два поединечни кревети оперемена со телевизор, Wi-Fi. Трпезаријата има голема маса идеална за шест лица, но постои можност да се прошири за 8 лица. Дневната соба исто така има телевизор со 50 дигитални канали. 

Како што и спомнавме, автентичното нешто во врска со овој апартман е тоа дека самите сопственици одгледуваат овошје и зеленчук во градината. Во зависност од сезоната има домати, пиперки, краставици, кромид, моркови, цреши, сливи, праски, кајсија, јаболка, круши, малини, јагоди, грозје и аронија.

Значи, гостите можат да го искусат стил на живеење на луѓето во Македонски Брод и да можат да пробаат органско овошје и зеленчук за време на нивниот престој.

Станот е оддалечен десетина минути со пешачење од центарот на градот. Во близина има супермаркети. Исто така, терени за мал фудбал, кошаркарско игралиште, тениско игралиште и игралиште за одбојка. Тениското игралиште е достапно само со претходна резервација. Апартманот е на само пет минути пешачење до Градскиот фудбалски стадион што претставува совршено место за џогирање.

АПАРТМАНОТ БРАГОРСКИ МОЖЕТЕ ДА ГО РЕЗЕРВИРАТЕ НА: 078 452 565

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување