04.08.2022
Се доселив од Турција во Македонија каде ја изградив мојата среќна еко приказна
Се доселив од Турција во Македонија каде ја изградив мојата среќна еко приказна
Денеска ќе ве
запознаеме со човекот кој пред 10 години се доселува од Турција во Македонија. Се
одлучил да живее во Охрид каде подоцна се жени и на светот го добива својт син.
Сезер е нашиот нов локален херој од Охрид кој добива свое место во базата на
„Гастрономија“.
Денеска Акин Сезер или како што сите пријатели го знаат „Сезер Ага“ има 8 годишен син, прекрасно семејство и прекрасна приказна која е дел од базата на Кајак.мк.

Сезер има своја нива и фарма која се наоѓа на 2 километри од центарот на Охрид. Земјиштето кое го обработува се наоѓа на само 50 метри од езерото, а климата му овозможува одлични услови за обработка на почнавата и производство на разни култури.

Но, што е она кое го прази Сезер поразличен од останатите земјоделци? Сезер одгледува разни видови градинарски зеленчуци кои можете да ги купите дирекно од нива, со дел од од нив произведува разни прехрамбени производи кои ги продава на пазарот. Овде спаѓаат ајварот, лутеницата, макалото, зимницата, туршијата кои се природно конзервирани во тегла.

Неговите садници
се од семиња на претхдните зеленчуци кои ги расте по органски принципи, а во
неговата нива нема место за отпад.
Сезер ги синтетизира македонската и турска традиција и на тој начин создава разни вкусови кои никого не оставаат рамнодушен. Тој е особено горд на вкусот на ајварот кој го прави, а кој е различен од класичниот начин на подготовка на ајвар.

Сезер продава макало со артичока и макало со аспарагус, сосови за тестенини, оцети, туршии и салати, а од годинава за првпат започнал да произведува ликер.

Во неговата фарма
има и помошници волонтери од разни држави кои го посетуваат честопати. Сезер е
домаќин на секој кој ќе го посети. Филџанот кафе или чаша пијалок се дел од топлото
добредојде кое им го посакува на гостите.
Сезер одлично зборува
македонски јазик, што значи дека можете да го контактирате по телефонскиот број
кој ќе го најдете со еден клик ОВДЕ.
Коментари
-
Mirka Stojanovska
12.08.2022 07:55
Sezar aga sekoja cest!
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.