11.01.2021

Запознајте ја Ирена: Љубовта кон сноубордот ќе трае засекогаш

Запознајте ја Ирена: Љубовта кон сноубордот ќе трае засекогаш

Еј здраво екипо. Еко тимот на Кајак.мк во овој понеделник ви пишува една кратко но слатка приказна за Видоеска Ирена. Девојката која слободното време во зима не го користи за да кисне на социјалните мрежи, туку напротив да излезе да ужива во она што и го нуди природата. 

Ирена е авантурист, која вели дека најголем проблем и претставува да биде затворена во четири ѕида. Според сликите кои ги споделува, можеме да заклучиме дека е авантуристички карантер на девојка, која за разлика од многумина, се решила да се посвети на зимските спортови. 

Љубовта кон сноубордот и е од 2012-та година, а сега е одлично се справува на различни стази. За себе вели дека сака и лето и зима. Секое годишно време си има своја убавина. Летото го сака поради пливањето, а зимата поради снегот. 

Фотографиите кои таа ни ги испрати се од Попова Шапка, нејзиното редовно место. Таа вели дека на Попова Шапка имала многу интересни искуства. Запознала многу нови пријатели, а вели дека нема да ги заборави луѓето од Бугарија со кои се спријателиле, а кои биле доста интересни бидејќи не го познавале добро теренот. 

Додава дека има убедено повеќе девојки да се посветат на зимскиот спорт. Она што го сака е по пандемијата да појде на франзуските Алпи, односно на Les de Alps. 

Ирена пораснала на Шапка. За планината вели дека е прекрасна во секој поглед. Постојано се обидувате да го доловите секој можен детал на фотографијата и постојано има нешто ново што ќе се појави. 

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.

10 евтини градови во Европа за викенд-патување

Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.

Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?

Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?