26.12.2022
Сами ивестиравме и отворивме ново сместување во Мариово
Сами ивестиравме и отворивме ново сместување во Мариово
Во Македонија има многу луѓе кои прават мали нешта од огромно значење за развојот на туризмот во Македонија, приказни кои ние ќе продолжиме да ги раскажуваме и во 2023-та година. Последната недела од 2022-ра година ја посветуваме на Наташа и Митко Крстевски, кои веќе неколку години по ред кројат успешна приказна во село Зовиќ, Мариово, а кои пред неколку дена отворија нови сместувачки капацитети во кои може да престојуват и до 16 гости.

Оние кои досега не биле во мариовскиот регион, не се запознаени со слабостите на регионот од аспект на далечината, инфраструктура, водата и струјата, па затоа ние им се восхитуваме на Наташа и Митко кои направиле храбар чекор да инвестираат во ново приватно сместување во Зовиќ и да работат во текот на цела година.

Селото Зовиќ е претежно дестинација која се посетува на пролет и преку лето, но Митко преку разговор ни спомена дека од престојата зимска сезона, сместувањето и нивниот етно ресторан „Кај Мостот“ ќе работи и во текот на цела година.
За отворањето на сместувачкиот капацитет и оддржувањето на ресторанот големо влијание има љубовта на Наташа и Митко кон родното место и желбата да се развива руралната туристичка понуда во Мариово.

Во рамките на новиот објект се опремени 4 нови апартмани, идеални за фамилијарен престој, а во кои може да се сместат до 16 лица.

Што се однесува до етно ресторанот треба да имате предвид дека во него можете да вкусите традиционална храна која ја нуди мариовскиот предел, а тука спаѓа вршникот, лебот во фура, домашно подготвено сирење од домаќиините, салатите од нивните градини, виткалникот со сирење, пешиите со сирење и макалата со лук.

За да може да се подготви храната во фурна на домаќините им се потребни скоро шест часа, затоа ги советуваат сите гости да го најавуваат и резервираат своето доаѓање, бидејќи ресторанот не користи класична скара, наместо тоа, ја подготвува храната на стар и традиционален начин.

Етно ресторанот „Кај Мостот“ постои од 2015-та година, а Митко со угостителство се заминава веќе 30 години. Името на ресторанот доаѓа од фамозниот мост кој честопати можете да го сретнете во филмовите на нашиот филмски амбасадор Милчо Манчевски.

Зовиќ е село кое
се наоѓа на 685 метри надморска височина. Идеална дестинација за активен туризам
како возење велосипеди, пешачење, а овде се и џип сафари авантурите за кои
можете да добиете информации од домаќините на апартманите.
Доколку сакате да
погледнете повеќе информации за сместувањето, фотографии и контакт за
резервација, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!